Соочени со пораст на стриминг платформи популарни веќе со години, националниот тим на Шпанија покажува дека сè уште постојат настани кои успеваат да ги зближат сите генерации на едно место, а тоа е телевизорот.
Серхио Рамос не за џабе има 22 црвени картони во кариерата. Да беа судиите повнимателни вечерва ќе го добиеше и 23-от и ќе го испуштеше реваншот од полуфиналето во ЛШ. Не бива ова.
Кристијано Роналдо вечерва стигна до погодок број 400 за Реал Мадрид и според сè што има направено за клубот сигурно дека не заслужува да му свират. Но и покрај тоа, глупаво е тој лично да ги подучува како што правеше вечерва против Атлетико, навивачите сами треба да сфатат дека грешат.
Со вториот хет-трик оваа сезона во Лигата на шампионите и вкупно 47-ми во цела кариера, најдобриот играч според ФИФА, Кристијано Роналдо го тресна градскиот ривал во полуфиналето од најелитното клупско европско натпреварување.
Погледнете колку пари потрошија екипиве во последниве две сезони, особено двете од Манчестер и направете споредба со Тотенхем. Имаат и најмногу победи и најмногу постигнати голови, а најмалку порази и најмалку примени голови. Чист пример дека не е сè во парите.
Си возат шева без топката да падне: Во средина се Варан и Матео Ковачиќ и кога после десетина додавања не можеа да ја фатат, на крај очекувано јаделе ластици.
Телевизискиот канал ХиспанТВ направил репортажа со Реза Парастеш од Иран за кој се верува дека најмногу наликува на Меси. Откако пуштил брада уште повеќе личи на 10-та на Барса. А личат стварно како две капки поради што на Иранецов му барале автограми и сакале да се сликаат со него.
Додека некои пафтаа скари, некои протестираа, утрото на 1-ви мај, левиот бек на Марсеј Патрис Евра се обрати од својот автомобил: „Не сфаќам како луѓето не го сакаат понеделник. Ќе престанете да го мразите понеделник после видеото од мојот Инстаграм“.
Натпреварите Ватфорд - Ливерпул и Рома - Лацио од викендов ни ги донесоа двајцата симулатори на фаули кои се ништо друго освен еден лош пример за тоа како на треба во фудбалот. Стротман изнуди пенал на римското дерби откако се сопна од воздухот, а Лукас Леива доби жолт картон за глума.
Во битката за пласман во повисок ранг, петтолигашот Форест Грин веќе извојува неколку победи од кои една е најважна: Почетокот на изградба на дрвен стадион, во склад со нивното веганство.
Освен ФК Вардар оваа година е јубилејна и за уште еден македонски клуб каде исто така беше тренер Андон Дончевски. Се работи за Лавовите чиј тренер се вика Лупче, а претседателот им се презива Груевски. Имаат некои хард кор моменти, ама нека им е честито.
Чехот Франтишек Рајторал (31) кој играше за турскиот Газијантепспор минатата недела бил пронајден мртов во својот дом, а истрагата покажала дека се работи за самоубиство. Сега се поставува прашањето кои се причините?
Посреќен ќе бидам да ја освојам титулата во домашното првенство со Шахтјор, отколку да освојам Лига на шампиони со Барселона, изјави хрватскиот репрезентативец и ги закопа сите фудбалери кои се лакомат да одат во поголеми клубови за повеќе пари и трофеи.
Десетици илјади луѓе веќе еден месец протестираат низ улиците на Венецуела и бараат заминување од власт на претседателот Мадуро. На последните протести имаше околу 40 повредени. На фудбалерите не им е воопшто сеедно за ситуацијата. Се солидаризираа на свој начин.
Имаше три кола до крај. Лестер одигра 1:1 на Олд Трафорд, а Челси следниот ден на 2 мај му гостуваше на Тотенхем. Лондонското дерби се гледаше кај Варди дома. На полувреме беше 0:2, но Кејхил во 58-ма и Азард во 83-та ги поставија конечните 2:2. Раниери тој ден замина во Италија на ручек кај мајка му, а неговите момци станаа шампиони и урлаа од радост. Оваа домашна забава ќе остане историска за Лестер и Премиер лигата.
Откако ја прекина долгата серија и пред две кола против Лацио го постигна дебитанскиот гол во првенство за Џенова каде игра втора сезона, македонскиот напаѓач стрелаше во 43 минута против Киево.
За него речиси сè е кажано, така што можеме да бидеме среќни што живееме во ера кога Аргентинецот од коло во коло, од викенд до викенд прави чудесии. Неговата способност да се потпишува со фудбалот на мал простор го прави најголемиот на сите времиња.
Еден од најтрофејните светски тренери, Карло Анчелоти направи редок подвиг откако стана првиот тренер во историјата на фудбалот кој освојувал титули во четири од петте најдобри европски лиги.
Во фантастичен боксерски спектакл пред 90.000 луѓе на легендарниот стадион во Лондон, британскиот боксер Ентони Џошуа го победи Владимир Кличко во 11. рунди и стана нов светски првак во тешка категорија.