Оние што не се одлепуваат од телевизор во вторник и среда кога оди Лига на шампиони, веројатно ќе се присетат за што правиме муабет. Лига на шампиони, четвртфинале, втор натпревар, Олд Трафорд, 2003-та година.
Сер Алекс Фергусон имаше тешка задача, бидејќи неговиот колега од спротива Висенте Дел Боске гостуваше со добар резултат од 3:1 од првиот дуел. Задачата да се возврати ударот имаше уште една тежина плус, а тоа е формата на Роналдо кој дојде со прецизен нишан.
Конечниот резултат беше 4:3 со хет-трик на Роналдо кој му донесе три пати водство на својот тим. Победата на домаќините беше пирова, бидејќи се соочија со елиминација од вкупни 5:6.
Во составот на Реал активни играчи беа Зидан и Карлос, кои во Скопје беа со други функции. Снимката е празник за очи, особено головите на Роналдо.