По соопштението на Комити кои ја одбранија јужна и сега повикуваат на полн стадион, со долг и опширен став се јавија навивачите од Фејсбук страницата „Фанови на СД Вардар Скопје“.
Извадоци од нивниот став:
„Сума сумарум:
ЖРК Вардар - (5 сезони во ЖРК Вардар) 5 првенствени титули, 4 купови на РМ, три пати Европска бронза во ЛШ и едно загубено финале.РК Вардар - (4 сезони во РК Вардар) 3 првенствени титули, 4 купови на РМ, 2 регионални СЕХА титули и титулата со непроценливо значење, освојувачи на ЛШ.
ФК Вардар - (3 и пол сезони во ФК Вардар) 3 првенствени титули.
Многу поважно, Сергеј Самсоненко изгради цел тренинг комплекс за фудбалскиот клуб, клубот доби своја академија. Изгради сала која е под негова концесија на поголем временски интервал, сала која барем во моментов е Вардарова и претставува место кое нуди најдобри услови за тренинг, нешто што го потврдиле многу светски ракометар(к)и.“
„Капацитетот на луѓето вработени во управите на Вардар е тој. Не можеа да смислат поинакво сценарио од она во 2008, кога со помош на изрежиран инцидент на Стража, Трифун го напушти клубот под пандан дека е навреден од клетите навивачи. И во двата случаи, причината беше од финансиска гледна точка. Тогаш, ќе се извалкаше угледот на градоначалникот на Скопје и спортски работник кој со години важеше за икона во Македонскиот ракомет. Сега, за да се прикријат причините поради кои си заминува Самсоненко, наједноставно беше да се нападне групата на фанови која и онака претрпе големи удари и скоро и да не постои повеќе од година и пол.“
„Ако Самс едноставно излезеше на ТВ и речеше од утре веќе не вложувам во Вардар, сите ќе му симнеа капа до под, како што досега сме направиле многу пати и ќе си заминеше како легенда на нашиот клуб. Но не, секогаш мора вината да се бара кај друг, кај оној немоќниот, кој не ја контролира медиумската машинерија, кој зад себе нема убаво минато и секогаш излегува жртвено јагне.“
„Уште еднаш, голема благодарност до Сергеј Самсоненко, треба да остане запаметен како човек кој му донел големо добро на СД ВАРДАР. Издржана критика мора да има, особено затоа што се оцрнува нашето име, но навреди никако.“
Целиот став го имате тука.