Манчестер Сити ги надгради своите капацитети во подтрибинскиот простор на стадионот, а во консултација со Пеп Гвардиола соблекувалните се реновирани и направени во кружа форма во согласност на европските стандарди.
Направени се и нови модерни тоалети, дополнителен простор за загревање на играчите, нови пумпи за хидротерапија и нов тунел.
Освен за играчите, клубот се погрижи и за своите навивачи кои со реновирањето на Тунел Клубот ќе бидат уште поблиску до фудбалерите.
Клубот изгледа како корпоративен салон кој ќе може да го користат само оние навивачи кои ќе плаќаат годишна влезница од 7.500 фунти.
За нив за време на секој натпревар ќе има бесплатно јадење, ќе можат да ги гледаат играчите кога поминуваат низ тунелот, ќе ги гледаат нивните интервјуа на тв, а ќе добиваат и брифинзи од некој од помошниците на Гвардиола околу тактиката на играта.
Кај нас на навивачите им лупаат карти по 50 евра и ги бркаат од Јужна.