Offside

Ракометарите на Вардар го згазија Нант на гости и му наплатија со камата за тесниот пораз во Јане Сандански.

Северна и Јужна Кореа на церемонијата отворање на ЗОИ под исто знаме

Двете Кореи се сретнаа по трет пат во десет дена за да го дискутираат учеството на Северна Кореа на Зимските Олимписки Игри кои следниот месец ќе се одржат во Јужна Кореа.

Сите меѓусебни дуели меѓу Македонија и Германија

Тешко е да се игра ракомет против Германците. Некој ќе каже поради наклонетост на судиите, но не може да се игнорира фактот дека се меѓу водечките ракометни земји во светот, против која немаме ниту една победа. 

Прекраснотии од гол на мал-фудбал

Нервозата додека собереш играчи да изиграте една партија фудбал во балон или во сала ја надоместуваш со дриблинг и гол кои те држат до следната средба.

Македонските навивачи низ објективот на ЕХФ

Ако си македонски навивач, ова видео ќе ти биде едно од најубавите ствари што ќе ги видиш во текот на денот, напиша ЕХФ на својот Јутјуб канал.

Најатрактивниот гол во кариерата на Роберто Манчини

Требаше да натепа 35 години за да го направи најголемото ремек дело во неговата кариера како напаѓач. Играше за Болоња, Сампдорија, Лацио и Лестер, а на денешен ден пред точно 19 години на мечот Лацио - Парма, на корнерот на Михајловиќ реагираше како Ибра.

Како помина дебито на ВАР во англискиот фудбал

Натпреварот меѓу Лестер и Флитвуд Таун влезе во историјата на англискиот фудбал, откако за прв беше употребена најновата технологија во фудбалот.

Сестра му на Роналдо со отворено писмо за Кристијано

Кристијано минува низ кошмарен период: Реал заостанува 19 бодови од Барса, игра послабо отколку со Рафа Бенитез, а самиот Португалец даде вкупно 4 гола во првенството (толку лош не бил од 2005) и нема гол три меча по ред.

Малото дете од Кливленд што направи шоу во НБА

Таварис Џонс има 5 години и им го украде шоуто на Стеф Кари, Леброн Џејмс, Кевин Дурент и Ајзеа Томас за време на мега-дербито Кливленд - Голден Стејт. Џонс денсаше на песната „Ролекс“ од Ајо и Тео и ја освои целата сала.

А мислевме дека е само нордиски мит, кога тоа

Долго време бевме убедени дека оваа приказна е легенда, некаков мит како Рагнарок или Игдрасил, а реално е како табуретката на Икеа.

Најавата за доаѓањето на волшебникот на Камп Ноу

Почна во Гремио во 1998-ма, а со професионален фудбал заврши во Флуминенсе во 2015-та. Од тогаш игра на егзибициски и хуманитарни натпревари, а денеска брат му соопшти дека и официјално му става крај на спортот во кој беше крал.

Падна најубавиот евроавтогол

Па уште 90 пати да проба да ја удри вака, топката нема да заврши таму кај што заврши овојпат. Нереално.

Што ја чека Македонија понатаму на Европското?

Од утрешниот меч против Германија (18:15) зависат неколку сценарија и насоки по кои ќе одат нашите најдобри ракометари. Во втората фаза нè очекуваат мега дуели против Шпанија, Данска и евентуално Чешка/Унгарија.

Што има на Твитерот на РФМ, додека Македонија гази во Загреб?

Ништо ново, во буквален смисол. Заглавени се во 2017-та, кај еден многу убав и историски момент за македонскиот ракомет.

Словенија размислува предвреме да го напушти Европското

Словенечката јавност веќе неколку дена не може да се помири со судиските одлуки за кои смета дека ја „осакатиле“ нивната репрезентација. Од тамошниот сојуз најавуваат заминување од Хрватска.

Битолчани на триумфален начин се движеа низ улиците во Загреб

Во стилот на нашите спортисти кои до сега имаат поминато низ триумфална, навивачи од Битола кои ја бодрат македонската репрезентација на ЕП, изнајмиле двокатен автобус во Загреб и со него пристигнале пред арената за мечот против Црна Гора.

Дечки вие доручкувани ли сте?

Кошаркарите на Филаделфија синоќа го совладаа Торонто, но во еден од последните напади на мечот изгледаа како да го прават она: „Компир гледам, месо варам“.

Што се случуваше во хаотичниот финиш меѓу Словенија и Германија

Додека со нетрпение одбројувавме во минути да стартува втората битка на Македонија на ЕП, на другиот дуел од кој не засегаше резултатот, се играше “трето полувреме“ на кое Вујо се претвори во голман. Ситуацијата е навидум расчистена, иако во ЕХФ фрчат жалби.

Поздрав од соблекувалната на јунаците

Поубав старт Македонија не можеше да посака на ова Европско првенство. За прв пат во историјата почнуваме со две од две, многу тешки, ама слатки победи кои нè исфрлаат на лидерската позиција и ни даваат за право да се надеваме на чудо против Германија. За традиционалното славеничко селфи се погрижи најдобриот играч на мечот, Филип Кузмановски. Браво дете.

Клучната одбрана на министерот

По бледното издание против Словенија, Борко Ристоски одигра нешто подобар натпревар против Црна Гора, а најважната одбрана на мечот ја имаше во последната минута од средбата. Чуварот на мрежата на Барселона им скроти цепелин на Црногорците и со тоа стави точка на мечот.

Нова драма, нова победа на Македонија за втора рунда во Вараждин

Македонската ракометна репрезентација ни приреди уште едно драматично издание кое за среќа заврши во наша полза. Црна Гора не е трета селекција во свет, но го направи пеколно тежок и неизвесен мечот цели 60 минути.

Убавина од цепелин на дуото Лазаров-Талески

Македонската ракометна репрезентација игра пеколно тежок меч со Црна Гора и губи 16:15 по првиот дел. Најатрактивен момент во првите 30 минути беше тоа што веќе стана белег во играта на нашите ракометари.