
Ознаката @rfmhandball која се користи за секоја објава за Македонија на официјалниот Твитер профил на ЕП 2018, нè натера да ѕирнеме што твитаат нашиве за Европското.
Кликнавме на него и тој се разбира нè однесе на Твитерот на ракометната федерација на Македонија, а таму нема ниту основна информација дека македонската репрезентација воопшто се наоѓа на Европско првенство, да не зборуваме за повеќе.
Прво во очи ни падна сликата од репрезентација која е скроз бајата. Во составот сè уште стојат/клечат Ванчо Димовски, Мојсо, брат му на Мојсо, Диви, Вугринец и го нема селекторот Раул Гонзалес.

Троа подоле видеото кое стои како најново помисливме дека е со славје на нашите репрезентативци против Словенија или Црна Гора, но датумот 26 јули 2017-та не одговара на тие мечеви.
Се работи за победата на Македонија против домаќинот Алжир во осминафиналето од јуниорското Светско првенство кое се играше минатото лето.

Во ера на социјални мрежи кои се број 1 алатка за брзи информации и промоција на било што на планетава, несфатливо е како може РФМ Твитерот да го има, а да не го користи од лани.
Убаво е чувството да се биде шести во свет, тоа не го брише никој, и ние пишувавме, ама сега сме јануари 2018-ма, момците на Раул растураат во Загреб, а кај нив дома на Твитер нема ќорава информација за тоа.
Еве пример како оди тоа.