Официјалните лица од двете страни денес се сретнале во Панмунџом близу Демилитаризираната Зона која ги дели двете земји. Северна Кореа минатата недела се согласи да прати делегација на Зимските Олимписки Игри, а едно од прашањата кои се дискутирале и денес било дали женските хокеарски репрезентации на двете држави, ќе настапат заедно на Олимпијадата како пред неколку години.
На состанокот е одлучено и заедничко марширање на свеченото отворање кога едни до други Северно и Јужно Корејците би влегле на главниот стадион под едно знаме. Меѓу другото двете земји порано неделава се договориле и дека 80 членови на оркестарот и 60 пејачи од Северна Кореа ќе настапат на главната церемонија.
Севкупно, Северна Кореа планира во соседството да прати делегација од 230 членови во Пјонгчанг. Меѓу другите точки од договорот е Северна Кореа да има и Паралимпијци за Параолимпијадата во Јужна Кореа во март.
Повеќе околу заедничката олимписка приказна на двете земји во конфликт тука.