Како што пиша WhoScored, Роналдо го има најслабиот процент на реализација на ударите (4,3%) меѓу сите стрелци во Топ-5 лигите.
Што е уште полошо за него, мадридскиот весник Marca напиша дека Роналдо барал нов договор од Реал, а клубот смета дека не е време за тоа прашање. Роналдо имал два главни мотиви: првиот - тој смета дека заслужува повеќе после наградата од ФИФА и петтата „Златна топка“, а вториот - не му се допаѓа што Меси и Нејмар заработуваат повеќе.
Според португалското издание Record, „Кралскиот клуб“ е спремен да го продаде Роналдо и веќе му кажале на Хорхе Мендез да бара нов клуб.
Во период кога ништо не му поаѓа од рака, Роналдо јавно го поддржала сестра му - пејачката Катја Авеиро. Таа му напишала отворено писмо и го ставила на Инстаграм.
„Кога ти на 12 години се пресели во Лисабон во солзи и полн надеж, тие зборуваа дека ти си некое обично дете од Мадеира. За помалку од пет години ти играше за првиот тим на Спортинг.
Кога го играше првиот меч со сениорите, они зборуваа дека ти си уште еден од истите техничари. После неколку месеци ти потпиша договор со Манчестер Јунајтед.
Кога замина во Англија, они зборуваа дека ти си само потенцијал кој може да се изгуби. За шест години ти постигна 118 гола.
Кога се пресели во Реал, они зборуваа дека тебе те купиле поради името - за да продавале дресови. А од 2009-та година ти постигна 422 гола на 418 натпревари и ги сруши практично сите рекорди.
Кога ја доби првата „Златна топка“ во 2008-ма, они зборуваа дека тоа е се од тебе. А ти заработи уште четири.
Кога ти стана капитен на репрезентацијата, они зборуваа дека ти си обичен капитен без харизма и лидерски дух. Во 2016-та Португалија првпат го крена пехарот за Европски шампион.
Сега, кога ти не даваш како вонземјанин по два или три гола, они зборуваат дека ти си просто на залезот на кариерата и дека просто си завршил со фудбалот.
Не грижи се. Кога ти со насмевка ќе го држиш трофејот во раце на Ајфеловата кула, ќе дадеш уште еден решавачки гол или ќе срушиш нов рекорд, сите они пак внимателно ќе гледаат во тебе. И ќе аплаудираат.
Бедни луѓе. Тоа е се што им останува“.