Offside

Ракометарите на Вардар го згазија Нант на гости и му наплатија со камата за тесниот пораз во Јане Сандански.

Во 2001 Роналдињо за малку не потпишал со шкотски Сент Мирен

Во летото 2003-та, Роналдињо премина во Барселона и на „Камп Ноу“ одигра неколку фантастични сезони (посебно 2005/2006), и како да нè спреми за јавлението на Лионел Меси.

Газеме до крај

Без разлика што е прерано да се каже и е многу тешко да се стигне до место меѓу великаните, такви сме ние Македонците. Кај што одиме правиме инвазија низ град, делкаме пивце, се веселиме на наша музика и по прва победа одиме амбициозно до медал. Барем во анкетите каде секогаш се наоѓа по некој цар.

За Ацо Јоновски и неговата невиност

Го викаат шибер и ќе фали многу во одбрана кога ќе реши да крене рачна. Инаку тој секогаш ги крева рацете за да покаже дека не е крив, без разлика што има соборено сè живо што се обидело да и даде гол на Македонија. Ацо е ѕвер, тоа го знаат и од ЕХФ кои направиле мајтап со него.

Не е важно колку пати си паднал, туку колку пати си се вратил

Македонија повторно гори, а одговорноста ја презеде познатиот пироман под името Раул Гонзалес.

По што е познат новиот играч на Барса во родното село?

Гуачене е мало местенце со околу 19.815 жители во северна Колумбија. Стана познато откако репрезентативецот на оваа земја, 23-годишниот Јери Мина потпиша со Барселона, а целиот крај ја следел промоцијата на стоперот на „Камп Ноу“ на телевизија во живо.

Историски слободен удар на Меси со кој го симна од тронот Герд Милер

Не се бројат повеќе рекордите на човекот кој само ги поместува границите во фудбалот, а ниту неговите евроголови. Синоќешниот датум, 14 јануари 2018-ма долго ќе се памети, бидејќи сруши страшен рекорд поставен во 70-те.

Фото на првото коло

Најдобрите македонски ракометари остварија важен триумф на стартот од Европското во Хрватска, а еден од најзаслужните беше Столе Стоилов кој претрпе многу ќотек. А богами и даде.

7.000 км само за Кире

Од Скопје до Загреб има 800 и кусур километри возење, а тоа е лесен залак за многу наши навивачи кои ги бодрат јунаците на Раул. Но на ова Европско првенство медалот за најјаки навивачи оди кај едно семејство кое се реши за дестинација Канада - Хрватска, само за да го гледа во живо капитенот.

Еден од најчудните црвени картони во фудбалот

Фудбалерите на ПСЖ го совладаа Нант на гости со 0:1, но никој не зборува за резултатот на овој дуел, туку за судијата Тони Чапрон. Играч на домашниот тим случајно го сопна арбитарот, а овој со сиот памет му врати, па уште и му даде црвен. Невидена будалаштина на судијата за кој се најавува дека ќе биде казнет.

Во Англија има нова заразна фудбалска песна која стана хит

Нема љубител на англискиот фудбал а да не ги засакал или одвреме-навреме испеал „You’ll never walk alone“ и „I forever blowing bubbles“, а посебно песната на Ирците за огнениот Вил Григ, но сега има нешто ново на сцената.

Најјакото видео со Шекил О’Нил кое никогаш не старее

Во НБА играше цели 19 години за 6 тима и важи за еден од најдобрите центри кои оваа лига ги видела. Немаше средба а Шек да не направи потег што ќе го одбележи мечот. Така беше и во Орландо и во ЛА Лејкерс и во Мајами и во Феникс.

Македонија слави голема победа над Словенија!

Во рамките на првиот меч на нашата репрезентација на 13. Европско првенство, Македонија со 25-24 ја совлада третата селекција од последното Светско првенство во Франција.

Темелковски: Можеме сите да ги победиме, но можеме и од сите да загубиме

Поранешниот селектор на Македонија и тренер на Еурофарм Работник, Илија Темелковски со кој го освоивме 11-то место на Мундијалот во Хрватска и спортскиот директор на Металург, Ванчо Димовски, кој тогаш настапи како играч, го прогнозираат пласманот на Македонија на Европското првенство на кое стартуваме вечерва.

Барселона стигна до историска милијарда

Фудбалот до толку отиде (забега) напред со тоа парите, да за прв пат во историјата Трансфермаркет објави вредност на клуб од една МИЛИЈАРДА евра. Со помош на калкулатор некако пресметавме дека првите топ 5 клубови тежат нешто повеќе од 4 милијарди евра. За понатаму собирајте вие.

На кое место светските кладилници ја сместија Македонија

Со влог од 100 денари дека ќе бидеме шампиони, може да земете 25.000 денари, ама бидејќи Македонија не е Вардар, реалната слика е следна.

За што се замерија ѕвездата на Спортинг и Стефан Ристовски?

Холандскиот репрезентативец и најдобар стрелец на Спортинг Лисабон, Бас Дост по мечот од Купот против Кова Пиедаде каде „Лавовите“ едвај победија 1:2, влезе во вербален дуел со десниот бек на македонската репрезентација.

Најсмешниот тренер на годината

Мариуш Сумудица е Романец, тренер на турскиот прволигаш Кајзериспор. Да знаеле каков потенцијал за глума има, досега би играл во романскиот народен театар.

Леле кршење кичмааааа

Никола Јокиќ од Денвер му игра еден на еден на Дрејмонд Грин од Голден Стејт. Резултатот е: Дечко оди купи ми Малборо црвено и напиј се нешто од мене. Хаким Олајџувон би се гордеел со потегов.

Сторија за таксистот што заигра за Олимпик Марсеј

Фабрис Апрузес денес има 33 години, но неговиот живот практично не е променет. Игра аматерски фудбал, се вратил на работа во една од најголемите поштенски компании во Марсеј и докажал дека љубовта и огромното самопожртвување можат да направат чуда.

Јери Мина - танчерот кој ќе царува во шеснаесетникот на Барселона

Кој е првиот Колумбиец во историјата на Камп Ноу, за кој Барса стокми 5 годишен договор и клаузула од 100 милиони евра? Се работи за многу цврст и забавен играч кој ќе биде тежок за проаѓање. Игра во одбрана, но не го држи многу место. За 4 години кариера има постигнато 25 голови.

Матрикс гол преку голман

Секој би го избегнал голманот или би пробал да изнуди пенал со протнување на ногата во него, ама детево направи револуционерен потег.

Зошто е најважно да ја победиме Словенија на Вујо

За сите оние што ме прашаа...На ЕП во Хрватска клучната утакмица не е со Црна Гора. Клучната е со Словенија!!!! Зошто?