Деновиве во Англија сите рекорди на популарноста ги руши една нова песна за „Величествената четворка“ на Ливерпул.
На 10. јануари на интернет се појави видео на кое извесен Кевин Марфи (алтер-его на музичарот и комичар Richy Sheehy) почува со: „Здраво ЈуТјуб, јас сум најголемиот навивач на Ливерпул од Корк“. (Корк е град во Ирска).
Кевин снимил кавер на хитот Sugar, sugar од групата Archies со текст на омилениот клуб. Главни во песната се Садио Мане, Мохамед Салах, Боби Фирмино и штотуку продадениот на Барселона, Кутињо.
Мотивот на харизматичниот Кевин бил да го „крене ведриот дух“ на навивачите од Енфилд после продажбата на нивниот најдобар играч во Барса. Хитот многу брзо се рашири по социјалните мрежи и стана заразен на општо-меѓународно ниво.
Во саботата вечер „најголемиот навивач на Ливерпул од Корк“ го викнале на најгледаното шоу на Sky Sports „Soccer AM“. Судејќи по изразот на лицето на Сол Кембел и дечките од Нотингем Форест, песната е апсолутен хит.
Хитот не се ограничи само во студио - песната ја пее и стоперот на Вест Хем Џејмс Колинс на пат кон теренот а на Твитер ја шеруваа и Џејми Карагер и Роби Фаулер што е најголема гордост за самиот автор Кевин од Корк.
Најинтересно од сè е што пред мега-дербито со Манчестер Сити во недела, легендарниот спикер на „Енфилд Роу“ Џорџ Сефтон решил да ја пушта песната Sugar, sugar најгласно што може за целиот стадион да грми.
А песнава е заразна страшно многу.
Salah Doo doo doo doo do do do Oh Mane Mane Doo doo doo doo do do and Bobby Firmino, but we sold Coutinho (That doesn't matter at all actually, we got)