Offside

Леброн Џејмс (42) дебитираше за својот нов клуб Филаделфија '76 со победа над шампионот Њујорк Никс 106:100. Ова беше старт на 24-та сезона по ред во НБА за еден од најдобрите кошаркари во историјата. Фрлаше од прашакот за раце како што правеше изминативе неколку сезони, потоа постигна 14 поени со 8 скока и 7 асистенции за 34 минути на паркетот. Во еден момент влезе во расправија со навивачи на Њујорк Никс.

Спикерот на Џенова грмеше за Пандев

Фудбалерите на Џенова се во серија од три победи по ред со кои се искачија на 12-та позиција на табелата. Две од тие средби ги реши нашиот најдобар фудбалер и тоа против неговите два поранешни клубови. Официјалниот спикер на домаќините го запали Луиџи Ферарис по голот на Пандев против Интер.

Андре Силва можеше да ја има асистенцијата на годината

Младиот напаѓач од Португалија се најде во една сосема неочекувана ситуација во шеснаесетник, но така добро се снајде и го проигра Чалханоглу, што ако голманот на Сампдорија не го одбранеше ова, Силва ќе добиеше честитки од цела Италија за асистенцијата која за жал сега му се брои само како додавање.

Бразилско дерби со хард кор финиш

Кога сте виделе последен пат судија да прекине натпревар поради недостиг на играчи на терен? Бразилските фудбалери кои се познати по лудото дриблање, овој пат покажаа други вештини, а тоа резултираше со 10 црвени и 8 жолти картони.

Тензијата меѓу навивачите на Торино и Јувентус

Ова градско дерби, симбол на монденскиот север на Италија е уникатно по многу нешта - како на пример тоа што Торино има поголем број поддржувачи во самиот град а Јувентус на ниво на цела држава. „Биковите“ немаат триумф над Јуве којзнае од кога, ама тоа не ги спречува да го полнат стадионот уште повеќе.

Што се случуваше на НБА Ол Старот

Во новиот формат на мечот на сите ѕвезди, тимот на Леброн го победи тимот на Стеф со 148:145 (31:42, 45:36, 33:34, 39:33). Статистиката во шутот за три поени зборува доволно за циркусот од кошарка синоќа: Team Stephen 17/65 Team Lebron 19/58.

На Роберто Карлос му се тргаат кога шутира и на 44 години

Легендарниот бек на Бразил снима некоја реклама на која покажа дека уште му работи тоа левицата како порано. Како што се нареди живиов ѕид, така се разбега. Те погоди ли нема станување.

Гатузо со нова заушка и циркузантско интервју

Смената на кормилото на Милан одлично им дојде на Росонерите кои со Џенаро Гатузо се во одлична серија на победи. Популарниот Рино е станат магнет за камерите кои само го ловат за да начекаат некоја будалаштина.

Победа на Вардар за чекор кон четвртфинале

Актуелниот европски првак ја оправда фаворитската улога против Пиг Сегед потешко од очекувањата. Шоу на Тимур Дибиров кој го наполни голот на Унгарците со 11 погодоци.

Квалитетни виткања обрачи на Ол-стар турнирот во забивање

Можеби не толку спектакуларни како во изминатите години, но мошне квалитетни забивања видовме на синоќешниот турнир Slam Dunk Contest 2018.

Случај Скендербег - Албанци им се заканувале со смрт на луѓето од УЕФА

Луѓето од Дисциплинскиот и Етички комитет на УЕФА и инспекторите од највисокото тело на европската фудбалска унија кои работеле на истрагата за наместени натпревари на Скендербег добиле анонимни закани по смрт.

Лудите дриблинзи на Нејмар

26-годишниот Бразилец кој за 222 милиони евра се пресели од Барселона во Париз досега сезонава на 28 меча има 28 гола и 16 асистенции за ПСЖ. Но тоа е сè од него:

Пандев го тресна Интер за нова голема победа

Капитенот на македонската репрезентација нема милост кон своите поранешни клубови. Откако пред две недели беше стрелец за големи 3 бода на Џенова против Лацио на Олимпико, вечерва стрелаше и против тимот со кој ја освои тројната круна.

Сите „куцања“ на Џордан на Ол-Стар дуелите

На 19. февруари не чека уште еден Меч на сите ѕвезди во НБА. Ќе има цел куп тројки, забивања, весели потези, дриблинзи и чуда. Да се потсетиме што правеше најголемиот на сите времиња:

Ти само фрлај рекети, ние ќе чекаме

Шпанецот Пабло Карењо Буста изгуби 7-6; 1-6; 7-6 од сонародникот Гарсија Лопез во второто коло на турнирот во Буенос Аирес кој е во категорија АТП 250 и го фрли рекетот во публика. За среќа не повреди никој, рекетот само како лоб удар падна бавно во рацете на еден среќен навивач.

Соиграчот на Ристовски од Спортинг кој игра ФИФА уличен фудбал

Тимот од Лисабон кој сериозно конкурира за титула после долги години во Португалија, синоќа направи голем чекор кон осминафиналето во Лига Европа. Губеа 1:0 па со 1:3 ја совладаа Астана пред реваншот за седум дена. За време на мечот аргентинското крило Маркос Акуња си играше со противниците.

Уште една култна легенда од Чемпионшип Менаџер а не е Фреди Аду

Уште не си се логирал на Менаџер а веќе праќаш понуди до Тонтон Ѕола Мокуоко, Марк Кер, Ким Калстром и по можност Черно Самба.

Што е работава со копирањето прослави на Садио Мане

Да е еднаш да го разбереш, да е два пати, исто да го разбереш. Ама зошто еден од најдобрите играчи на Ливерпул постојано прави „како први така други“?

Прошталниот меч на Пеле пред 160.000 гледачи против Југославија

На легендарната Маракана во Рио де Жанеиро на 18. јули 1971 година се одиграл пријателски меч меѓу Бразил и Југославија (коментаторот ја нарекува европски Бразил) по повод опростувањето на О’Реи од националниот дрес.

Поп за претседател на Америка

Почна од зафрканција, со печатени маици и капи Pop for President, но тренерот на Сан Антонио од изјава во изјава покажува зошто е голем. Последно што кажа е дека „САД мора на големо да го одбележуваат Месецот на историјата на црните луѓе зошто Америка и натаму е расистичка земја“.

Кореографијата на навивачите на Копенхаген

Нивниот тим поведе 1-0 па после ја почуствува силата на Атлетико Мадрид - мечот заврши 1-4, но ќе остане во сеќавање кореото на домашните пред мечот.

Скендербег казнет 10 години и милион евра од УЕФА

Неколкукратниот албански шампион Скендербег од градот Корча ја заработи најголемата казна во историјата на ФИФА и УЕФА. Поради местење резултати, албанскиот клуб една деценија ќе биде без еврокупови!

Милан сигурен во Бугарија, Ристовски остана на клупа за Спортинг

Фудбалерите на Локомотив го направија најголемото изненадување вечерва во Лига Европа откако губеа 2:0 па славеа 2:3 кај Ница. Фаворитите сигурни: Милан, Арсенал и Дортмунд чекор пред пласман понатаму.

Колкави биле казните за глума порано?

Во славната генерација на Борусија Дортмунд во 1995-та играше и Андреас Милер кој за оваа глума што ќе ја видите на видеото беше казнет: 2 лигашки меча, 10.000 германски марки и на определено време тргнат од репрезентацијата.