Offside

Македонија ја немаше на Светско. Пречка во бараж полуфиналето беше Данска. Но, Македонија сепак имаше свој претставник таму. Тоа е Мијалче Дургутов. 10 од 10 има.

Ве поздрави Мауро Зарате со голов

Големиот аргентински талент кој според квалитетите можеше да направи многу поголема кариера, како член на Ватфорд игра на позајмица во Ал нарс Дубаи. Екипите како Лацио, Интер, Фиорентина и Вест Хем, не се свесни каков шпиц имаа во своите редови.

На кој што му треба вечерва за топ 16 во ЛШ

Бидејќи знаеме дека денеска ќе фатите билтен в рака, ги направивме сите комбинаторики во последното 6 коло од ЛШ. Ристовски со Спортинг, Атлетико Мадрид и ЦСКА Москва се во „невозможна мисија“ за пласман во осминафинале.

Стјарнан клавај голои, да се радуваме на прославите

Играчите на исландскиот фудбалски прволигаш Стјарнан ги имаат најјаките прослави на голови евр. Еве неколку од нив кои не на памет ни би ви паднале. А и EA Sports мора да ги гледаат редовно па да ги стават во FIFA.

„Ирците“ кои ја смислија најзаразната песна на стадионите во САД

Ретко кој не го памти хитот Jump Around на коишто генерации скокаа на прослави, родендени, дружби. Во САД на стадионот на Висконси традиција долга 20 и кусур години е преку 80.000 души да скокаат на оваа песна. Делува страшно!

Најскапите 11 трансфери во историјата на ракометот

За фудбалот вакви листи има на тони, но во ракометот многу малку се зборува за пари и тие се смешни во однос на фудбалот. Македонски ракометар нема во оваа конкуренција, но затоа има еден легендарен Вардарец и тоа два пати.

Кои се голманите кои давале голови во Серија А?

Голот на Алберто Брињоли со кој Беневенто освои прв бод во Серија А не е единствен даден од чувар на мрежата којшто ги израдувал сите навивачи.

Во Холандија ич не ги местат кец у два а?

Сте фатиле ли пари во кладилница во понеделник? Ама 40.000 и тоа на два утакмици од втора лига? Е има и такви.

Ако можат во Белгија, зошто не и кај нас

Минатиот викенд почетокот на мечот од белгиското првенство меѓу Шарлоа и Остенде се одложил за неколку минути зошто домашните навивачи фрлија илјадници детски играчки и плишани мечиња на терен, посветени за децата од слабо имуќни семејства пред Божиќ.

Навивач на Беневенто го предвиди голот против Милан во 95-та минута

Беше тоа уште еден скроз ненадежен, 15-ти меч во низа на кој им се надзираше нов пораз, но еден од навивачите ја снимаше атмосферата на трибините во таа легендарна 95-та минута. Вели вака е пред голот. Потоа се знае. Експлозија.

Младеновски во фото финиш ја донесе победата на Еуро Табак во дуелот со Фабрика Карпош

Матрикс со 15:2 го декласираше Раде Кончар, а победи во првиот ден од 10 коло во Бизнис лигата на Македонија славеа и екипите на Уника и ЈСП.

Пандев стрелец за големи три бода за Џенова

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација постигна убав гол со десна на гостувањето кај Верона во 45’ минута а гостите со три бода од овој меч сега полесно ќе дишат во продолжение од Серија А. Пандев вечерва одигра 64’ минути кога беше заменет со Лападула. Интересно, Џенова не ја победила Верона на гости од 1958. година.

Навивачите на Спарта Прага необично го бркаат тренерот

Андреа Страмачони важи за еден од ретките тренери кој има среќа да го ангажираат големи клубови а човекот резултати немал никогаш-никаде. Беше тренер на Интер, не направи ништо. Го водеше Удинезе, пак ништо. Отиде во Грција, го избркаа од Панатинаикос. Сега на ред е Спарта Прага која што ја уназади.

Малер на колото за 22.000 евра

Првиот тикет е уплатен четири пати по 50 денари и еднаш за 20.

Фудбалската школа поради која Мадона од Њујорк се пресели во Лисабон

Оваа школа рудари небрусени бисери и подоцна ги продава илјада пати поскапо отколку што ги купила. Поради кариерата на својот син во таа академија, Мадона решила да живее во главниот град на Португалија.

Немаат крај мајтапите за Беневенто - Милан

Еден од нив вели вака: Голманот на Беневенто, Алберто Брињоли има постигнато повеќе голови од напаѓачот на Милан, Андре Силва кој го купија за 38 милиони евра.

Бројките кои го објаснуваат приматот на Интер

Откако Наполи загуби од Јуве, Интер остана единствената екипа без пораз во Серија А. Икарди руши рекорди и влезе во друштво на легендарниот Меаца. Тимот на Спалети е неприкосновен, а вистинскиот тест за тоа дали е зрел за Скудето ќе треба да го положи со Јуве следниот викенд.

Кој е голманот што му даде гол на Милан за историја?

Чуварот на мрежата на дебитантот во Серија А, Алберто Брињоли после чудесниот гол со глава е лик на месец декември. Како му се одвивала кариерата?

Страшна фудбалска интелигенција во два потези

Лацио во среден ред има бисер кој скратено е познат како СМС. Има 22 години, а игра зрело како да е преку 10 години во кариера. Синоќа против Сампдорија со еден потег своите двајца чувари ги прати по цигари, а потоа од пред својот шеснаесетник, даде топка со очи од која се создаде 100% шанса за гол. Внимавајте на Сергеј на СП 2018. Србија минатиот месец го зема за репрезентација.

Перо Антиќ - кошаркарска бајка

Перо Антиќ дефинитивно им пркоси на годините, бидејќи откако наполни 30 ја живее втората младост на паркетот. Во време кога го носи епитетот ветеран, тој освои Евролига со Олимпијакос, заигра во НБА каде имаше значајна улога со Атланта, па се врати во Европа и потоа ја освои и со Фенербахче. А еве го сега на 35 години во Звезда, решава натпревари и против еден Реал Мадрид. Па има ли кошаркар од Македонија кој не сонува за една ваква кариера?

Погба го покани Јане на Олд Трафорд

По Фиго, Пирес и Нуно Гомеш, големиот македонски борец кој во количка игра фудбал со другарите, го привлече вниманието на уште една голема фудбалска ѕвезда, која го кани да биде специјален гостин на меч од ЛШ.

Вилаш-Боаш се откажал од милиони во Кина за да вози рели Дакар

Ако случајно го изгубивте од вид Андре Вилаш-Боаш после Зенит, сигурно претпоставувате дека заработува милиони, дека е добар, и сè му цвета...

Како Меси годинава ги фрлаше противниците на земја

Просто уживање е да се гледа Аргентинецот кога ќе тргне во налет кон противничкиот гол. Никој не знае кај ќе тргне па оттука и Меси е најтежок за чување.