Најладниот натпревар во историјата на фудбалот

Неделава беше ѕивра ладно не само кај нас, туку во цела Европа, што придонесе до одложување на фудбалски натпревари онаму каде снегот паѓаше без усул. Има еден меч кој се двои по температурата, а таму во тој град лани гостуваше Вардар.

На првиот ден од месец декември, Баер Леверкузен замина на гостување во Трондхајм, онаму каде што Вардарци на 28 септември отпатуваа за да го одиграат второто коло од Лига Европа против Розенборг.
 
Норвешка како Норвешка, се очекуваше да биде ладно, ама никој не се надеваше дека на термометарот за време на првото полувреме ќе пишува -15, рекорд за еден фудбалски натпревар кој до тогаш не се одржал на такво време.

Додека играчите со трчање имаа барем шанси да се загреат (не знаеме како им било на голманите), тие на клупа покрај тоа што ги носеа стандардните реквизити како шал, капа и раквици, се бутаа во вреќи за спиење.
 
Баер Леверкузен славеше 0:1 на тоа траорно гостување во Лига на шампиони, а тие што беа на терен со селско руменило на лице, се бореа со чудното потскокнување на топката на заледениот терен, а внимаа и да не скршат нога.

Ова не потсеќа на Македонија - Андора 0:0 на 9 февруари 2005-та. Градски беше како лизгалиште, а температурата беше околу -10.
2 март 2018 - 15:57