На Русите им ја скинаа казната за учество на Олимпијадата, ама откако заврши

Меѓународниот олимписки комитет донесе одлука за руските спортисти од која немаат никаков ќар, барем на овие Олимписки игри кои финишираа на 25 февруари.

МОК ја укина суспензијата на рускиот олимписки комитет откако утврди дека нема ниту еден руски спортист со позитивен допинг тест на ЗОИ во Пјонгчанг, но дури по завршувањето на игрите.
 
Русите беа суспендирани во декември минатата година поради скандалот со допингувани спортисти на Зимските олимписки игри на кои беа домаќини во Сочи 2014.
 
На крајот се изнајде решение тие да учествуваат во Пјонгчанг без сопственото име и химна, односно како незавизни под ознаката Олимписки спортисти од Русија.
 
Во Јужна Кореја учествуваа 168 руски спортисти кои освоија 17 медали од кои два златни.
 
Откако Русија ја совлада Германија во финалето на натпреварот по хокеј, тие понесени од возбуда ја испеаа химната на својата земја, но од МОК соопштија дека имаат разбирање за тој прекршок и нема да следува казна.