Прекипе на крајот од првиот дел. Играчот од средниот ред на Фенербахче Алпер Потук во една безопасна ситуација го турна Толгај Арслан и доби втор жолт картон - автоматски црвен.
Alper Potuk'un kırmızı kart gördüğü pozisyon
— Krampon Sports Video (@KramponVideo) March 1, 2018
⚽(Tüm Pozisyonlar için ana hesabımızı takip edin ► @KramponSport ) pic.twitter.com/5rq19B8J2r
„Играш максимално концентриран, но некогаш не можеш да ги задржиш емоциите. Имав голема желба за победа и поради тоа ме однесе кон црвен картон. Им се извинувам на сите кои го поддржуваат Фенербахче“, напиша Потук на Инстаграм после мечот.
Второто полувреме почна уште пожестокот. Рикардо Кварежма влезе од клупата за резерви и веќе после 7 минути доби директен црвен картон. Португалецот подлегна на атмосферата и го удри Бразилецот Жозеф Соуза.
Кварежма долго време одбиваше да го напушти теренот, бараше казна и за Соуза и едвај го смирија. Близу тој дел од теренот се спуштија многу навивачи и чудно како не изби голема тепачка.
Но тоа не е се. На 14 минути до крајот од мечот судиите не приметија дека во еден напад на Бешикташ топката целосно излезе во гол-аут и не прекинаа игра поради што реагираше голманот Волкан Демирел кој изгуби контрола над себе и тргна кон судијата за што доби втор жолт картон.
Volkan Demirel'in kırmızı kart gördüğü pozisyon;
— Krampon Sports Video (@KramponVideo) March 1, 2018
⚽(Tüm Pozisyonlar için ana hesabımızı takip edin ► @KramponSport ) pic.twitter.com/b4xVa9yQcV
Во последните 10 минути Фенербахче играше со деветмина а Бешикташ со десет играчи. Поради играчка предност на теренот Бешикташ пред крајот се спаси од пораз и избори 2:2 со евро-голот на Талиска.
Anderson Talisca attı. İŞTE GOL;
— Krampon Sports Video (@KramponVideo) March 1, 2018
⚽(Tüm Pozisyonlar için ana hesabımızı takip edin ► @KramponSport ) pic.twitter.com/oP9NyPBShe