Кој го фатил времето на Сони Плејстејшн кецот знае за што зборуваме. Изборот секогаш паѓаше на кралот на игрите познат како Pro Evolution Soccer или фудбалчето кое на вакви студени денови се играше секој ден со брат ти, братучед ти или другар ти.
Често ги одбиравме Европа против остатокот од светот каде имињата им беа осакатени. Тоа се тие сеќавања кои предизвикуваат чувство на носталгија кон тие безгрижни детски денови во кои најголемите нервози беа кога ќе ти се расипе џоистикот.