Offside

Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка го освои Отвореното првенство на САД во тенис откако во големото финале ја совлада Американката Аманда Анисимова со 2-0 во сетови 6-3, 7-6. Дуелот се играше 94 минути а Сабаленка потврди дека е апсолутно најдобра светска тенисерка и го освои огромниот, рекорден награден паричен фонд.

Надворешна на денот

На дуелот Круз Азул од Мексико и Колорадо од САД кој завршил 2-2, домашниот играч Валтер Дита постигнал чуден гол кој подоцна официјалните лица му го препишале како автогол на Вејн Фредрик во 43' минута. Мексиканците на крај победиле 5-4 на пенали и одат во четвртфинале на Лига Купот за Централна и Северна Америка.

Па Челси да ни е здрав и жив бре, луѓе

Моизес Каиседо, Марк Кукуреља, Роберт Санчез и Жоао Педро се само некои од играчите за кои Челси на Брајтон му плати стотици милиони фунти. Еден постар новинар го прашува извршниот директор на „галебите“ Пол Барбер зошто ги продаваат најдобрите играчи и тоа само во Челси.

Лука Дончиќ стопил 14 кила

Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс Лука Дончиќ ја импресионираше кошаркарската јавност со формата во која го пречекал летово и подготовките за Европско првенство 2025.

Полски навивачи со порака до Израел

Во првиот натпревар од 3. коло за Конференциска лига, полскиот Ракув од Ченстохов го пречекал израелски Макаби Хаифа. За време на натпреварот кој гостите го добиле 0-1 со гол во 61-ва минута, полските навивачи кренале парола со натпис: „ИЗРАЕЛ УБИВА А СВЕТОТ МОЛЧИ“.

Млада сензација со потекло од Конго го импресионираше тенискиот свет

Викторија Мбоко е 18 годишна тенисерка која дебитираше на турнирот во Рим годинава во професионални води и таму загуби од познатата Коко Гауф. Сега на турнир во нејзината земја Канада каде што растела, сензационално го освои турнирот пред преполни трибини откако совлада неколку ривалки од Топ10.

Хет-трик на Роналдо пред старт на сезоната

Саудискиот Ал Наср се наоѓа на подготовки во Европа каде игра пријателски средби. Синоќа изненадно и неочекувано со 4-0 го торпедираше Рио Аве, клуб од татковината на Кристијано Роналдо кој постигна хет-трик. Мечот се играше во Португалија.

Јаки гестови од италијанските стадиони

Има некоја драж италијанскиот фудбал која ги тера сите љубители на истиот да заборават на старите и ружни стадиони, на малите буџети за трансфери и плати на играчи, на секогаш досадната игра на резултат 0-0. Има нешто.

Ќе има ли кај нас некогаш ваква соблекувална?

Ова што го има тимот Грин Беј Пакерс од лигата на американски фудбал во САД го немаат ни астронаутите. Секоја чест.

Што знае 16-годишно дете што е пласман во Лига на шампиони?

На првиот натпревар од 3. квалификациско коло за Лига на шампиони меѓу Каират од Казахстан и Слован Братислава од Словачка, домаќините добиле пенал во 90' минута при резултат 0-0. Топката на бела точка ја наместил малиот 16-годишен Дастан Сатпаев кој ладнокрвно го совлада голманот на Словаците за победа од 1-0 пред реваншот.

Македонија доби ВАР

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на својата страница се пофали дека е промовиран ВАР системот кој за првпат во историјата ќе се употребува во мак-фудбалот, во новата сезона во Прва македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Последното, емотивно збогување на Сони со Тотенхем

Кореецот беше симбол на Тотенхем. Играше 10 години за Спарс, запиша 454 натпревари, постигна 127 гола и освои пехар во Лига Европа. Решил дека сака да се проба и на друго место, па оди на 32 години во САД каде потпиша со Лос Анџелес. Им се обрати на навивачите на Тотенхем за збогум.

Тениски зицер на сезоната

26-годишната Московјанка која игра за Казахстан, Елена Рибакина, синоќа изгуби во полуфиналето на женскиот турнир во Канада од домашната сензација Викторија Ембоко со 1-2 по сетови 1-6, 7-5, 7-6. Рибакина го имаше зицерот на сезоната.

Мурињо изгуби, па бркаше муви

Во дербито на вечерта во 3. квалификациско коло за Лига на шампиони, Феенорд со гол во судиско продолжение го совлада Фенербахче 2-1. Жозе Мурињо имаше поволен резултат до последните секунди од средбата. Сега го чека реванш во Истанбул. После дуелот, на прес-конференција бркаше муви.

Како тоа мислиш Сон да им помогне на САД да освојат Светско!?

Најдобриот корејски фудбалер, Сон Мин е нов фудбалер на Лос Анџелес во МЛС лигата во САД, откако изненадно реши да го напушти Тотенхем. На претставувањето, членка на Градскиот совет на Лос Анџелес, Хитер Хут го прашала Сони дали може да им помогне на САД да го освојат Светското првенство 2026 кое се игра во САД, Канада и Мексико.

Срамна тепачка на пријателска Комо - Бетис

Двата клуба кои летово се зближија ептен со неколку трансфери во двата правци, некако ја расипаа калимерата на пријателска средба пред почеток на новата сезона. На познатиот турнир „Жоан Гампер“ организиран од Барселона, пред полувреме на мечот Комо - Бетис, изби голема и масовна тепачка. Иско и Ло Селсо револтирани од неколку остри старта над нив се побуниле и настанал хаосот. Сеск Фабрегас се скарал со фудбалерот Рикелме.

Меси го нема, ама тука е Суарез - Интер Мајами во четвртфинале

Интер Мајами конечно заигра како треба и со 3-1 на домашен терен го совлада мексикански УНАМ во нокаут фазата од КОНКАКАФ Лига купот. Лионел Меси не играше поради повреда поради која ќе паузира околу 2-3 недели, но затоа неговото отсуство го надополни Уругваецот Луис Суарез кој постигна еден и асистираше за два гола на Интер Мајами.

Вработен опељушил вредни дресови и предмети од Мајами Хит, го чека затвор

Легендарниот НБА тим Мајами Хит се соочил со силен удар откако откриле дека извесен вработен во клубот, Маркос Томас Перез кој од 2016-та до 2021-ва работел кај „жешките“ како обезбедување а потоа и за НБА лигата, украл преку 400 вредни дреса од клупската колекција и предмети од богатата историја на клубот.

Трансфер пазарот на Њукасл летово во едно видео

Премиерлигашот кој зад себе го има најбогатиот државен фонд на светот, оној на кралството Саудиска Арабија, во последно време не може да убоде ќоро зрно на трансфер пазарот. Сè што побараа или ги одби или им избега, или не знаат како да го доведат. Сега последно Манчестер Јунајтед изгледа пред нос им го зема најбараниот европски фудбалер високиот Бенјамин Шешко од РБ Лајпциг.

Што маказа направи бе мајсторе?

На еден турнир во Индија, извесен Ајен Монгба од клубот Нагаланд постигнал страшен гол. Сигурно загарантиран кандидат за гол на сезоната и наградата „Ференц Пушкаш“.

Кој последен се смее, најслатко се смее

На младински фудбал во Тајланд веќе неколку пати се случува иста епизода. Изгледа не учат од лекциите.

Трет пат фрлено дилдо во женска НБА лига

За трет пат во само една недела секс-играчка била фрлена на паркет на натпревар од женската НБА лига. Претходно на 29-ти јули за време на меч меѓу Голден Стејт Волкајрис и Атланта Дрим некој фрлил ваков предмет и го прекинал на кратко мечот. После на 1-ви август за време на натпреварот меѓу женските тимови на Голден Стејт Волкајрис и Чикаго Скај епизодата се повторила, некој гледач фрлил дилдо на паркетот па средбата имала краток прекин. Сега од иста причина синоќа прекинат бил дуелот Лос Анџелес Спаркс и Индијана Фивер.

Најблискиот дуел за Лига на шампиони - комшиско пецкање

43 километри е растојанието меѓу Малме и Копенхаген, а до еден од овие два града се стигнува преку интересен тунел под вода. Сега ги спои ждрепката за 3. квалификациско коло за Лига на шампиони па тоа ќе бидат два најблиски града кои играле меѓусебен дуел за пласман во елитната лига.

И Мурињо не е од камен - се расплака на прес конференција

Од Португалија стигна уште една тажна вест, дека поранешниот долгогодишен капитен на Порто и португалски репрезентативец Хорхе Коста починал на 53-годишна возраст откако му се слошило во тренинг центарот на Порто. Жозе Мурињо кој му беше тренер на Коста кога сензационално освоија Лига на шампиони во 2004-та година, се расплакал на прес-конференција. 

Кој премиерлигаш колку потроши досега летово?

Ливерпул се чуваше претходните преодни рокови и го стегна каишот, ама летово се отвори на големо и потроши досега 252 милиони фунти со отворена можност да пазари уште некое засилување. Челси е втор, а тука се уште и Арсенал и Сити.