Offside

Во ноември во Полска излегла биографијата на Роберт Левандовски во која имало многу интересни и еден несекојдневен детал - Барса барала од Роберт да не дава голови пред крај на сезоната 2022/2023 за да не мора да го плаќаат бонусот на Баерн Минхен.

Дортмунд промаши два пенали на ист натпревар првпат после '97-ма

На 5-ти ноември 1997-ма година Борусија Дортмунд во групна фаза од Лига на шампиони ја победила Парма 2-0 со два гола на Андреас Милер. На тој натпревар младиот 19-годишен Џиџи Буфон им фатил два пенали на Германците, на Шапуиза и на Милер. Синоќа Борусија Дортмунд со 4-0 го совлада Виљареал во Лига на шампиони и пак промашија 2 пенали на еден ист натпревар, првпат после цели 28 години.

Голема утка на Торес на Стемфорд Бриџ

Барселона си замина од Лондон со убедлив пораз од 3:0. Уште во 5-та минута од стартот на мечот, ја имаа шансата на вечерта, која беше чиста како солза за 0:1. Но, на Торес нишанот му беше тотално изместен.

Лука намерно го турнаа, па соиграчи скокнаа за него

На 3 минути и 33 секунди пред крајот на градското дерби ЛА Лејкерс - ЛА Клиперс кое го добија Лејкерси 135-118, кошаркарот на Клиперс Крис Дан намерно го турна Лука Дончиќ на паркетот а овој при падот се удри во Леброн Џејмс. Стана лидерот на Лејкерс да се пресмета со Дан кој со цел памет уште го удри и соиграчот на Дончиќ Џејсон Хејс.

Не ти е глупо во ЛШ да глумиш вака?

Дарил Бакола од Марсеј (во Пештани има еден Бакуле, бивши фудбалер), уште на 17 години не ја учи лекцијата како што треба. На мечот против Њукасл, на голема сцена наречена ЛШ, паѓа од контакт со воздухот. Треба една рубрика да им отвориме на овие.

Другар, ова е потешко да го промашиш

Имаме нов сериозен кандидат со клип од Австралија, кој ќе влезе во најтесна конкуренција за промашување на сезоната. Нереално е како му успеа ова.

Нова лудорија на Лука Дончиќ, постигна страшни 43 поени

Словенечкиот репрезентативец игра сезона од соништата. Во петтата последователна победа на ЛА Лејкерс, овојпат убедлива 135-118 против градскиот ривал ЛА Клиперс, Дончиќ направи шоу.

Навивачите на Челси го навредуваа Ламин Јамал

Во духот на англиските фудбалски стадиони каде од трибините секогаш се навредуваат ривалските играчи, така навивачите на Челси синоќа додека нивниот тим ја испегла Барселона 3:0 му викаа на Ламин Јамал: „You're just a shit Estevao“ односно „Ти си срање верзија на Естевао“, нивниот фудбалер од Бразил Естевао.

Од Лига на шампиони се селиме во Новаци

Мартин Андоновски од Новаци, го има голчиштето на неделата и месецот во македонската втора лига, на мечот против Шкендија Арачиново. Ваков слободен удар нема да видите во ЛШ цела сезона. Балонка.

Баер го освои Етихад, Барселона декласирана на Стемфорд Бриџ

Големи победи за Баер Леверкузен и Челси во 5. коло од Лига на шампиони, кои ги совладаа Манчестер Сити и Барселона. Јувентус губеше од Бодо Глимт, но стигна до трите бода во 91-ва минута. Наполитанците ја оправдаа фаворитската улога против Карабах. 15 минути за Елмас.

Топ 5 мундијалски голови на големиот Марадона

На денешен ден, пред 5 години замина еден од симболите на фудбалската игра, Диего Армандо Марадона, човекот кој ќе остане поим за фудбал. Играше на четири Мундијали: Шпанија 1982, каде стигна до 2. коло, Мексико 1986, кој го освои, Италија 1990 кој го загуби во финале и САД 1994, каде беше суспендиран поради кокаин. Беше посебен талент. Му се лепеше топката.

Прв исклучен играч во Премиер после 17 години за напад на соиграч

Идриса Гај беше исклучен со црвен картон после само 13 минути од почеток на дуелот Манчестер Јунајтед - Евертон на „Олд Трафорд“ во понеделникот вечер. Гај му удри шлаканица на својот соиграч стоперот Мајкл Кин пред соиграчите да ги раздвојат.

Надреалната асистенција на Јокиќ со поголемо и заслужено внимание

„La Giornata Tipo“ е најпозната италијанска Фејсбук страна наменета за кошарка. Имаат издвоено речиси едноминутен клип од синоќешниот магичен пас на чудото од Сомбор. 

Совршенство од левица за победа на Трабзонспор во 101-ва минута

Башакшехир и Трабспор приредија понеделничка драма во 13. коло од турскиот шампионат. Домаќините имаа на полувреме 2:1, а конечниот резултат на мечот е 3:4. Јунак е Ернест Мучи, кој го сврте мечот со гол во 77-ма минута, а потоа со голчиште во 11-та минута од судиското продолжение.

Гвардиола јавно се извини за екцесот со камерманот

Њукасл и Манчестер Сити одиграа фантастичен дуел како и секогаш кога ќе се сретнат. Во саботата вечер после десетина неверојатни промашени шанси на двете страни, Њукасл славеше 2-1 против силниот Сити со два гола на Харви Барнс. Пеп Гвардиола нервозен после натпреварот на „Сент Џејмс Парк“ му се сипа на камерманот кој го снимаше одблизу како што му налага должноста.

Акробативен гол на Матиќ

Немања Матиќ (37) се изнаигра фудбал. Од Словачка, Премиер лига, Холандија, Португалија, пак во Премиер, па Серија А, Франција и сезонава повторно во Италија. Изненадувачки потпиша за Сасуоло, за кој синоќа го постигна својот деби гол против Пиза. Погледнете го како ја зафати. Што ти е стара коска.

Русите имаат специјалист за изведување аути

Се вика Мингијан Бевеев и настапува за Балтика Калининград. Ти му даваш аут да изведе, а тој асистира. Погледнете му ја техниката. Му нема рамен.

Играчи на Евертон се степаа, падна црвен картон а го победија Манчестер Јунајтед

Дуелот од 12. коло во Премиер лига меѓу Манчестер Јунајтед и Евертон донесе неверојатни сцени. Во 13' минута од средбата на „Олд Трафорд“ гостинскиот фудбалер Идриса Геј имаше помрачување и му удри шлаканица на својот соиграч Мајкл Кин. Стоперот тргна да му возврати ама соиграчите ги разделија.

Трипл-дабл број 10 на Јокиќ, тројка од пола терен и нереална асистенција

Веќе не е ни вест кога Никола Јокиќ ќе оствари трипл дабл. Него што му е со тројката од центар ала Стев Кари и пасот во стилот на Џејсон Кид?

Убав гест на Антони, речиси невиден во фудбалот

Петтопласираниот Бетис, одигра само 1:1 против 18-то пласираната Жирона во 13. коло од Ла Лига. Антони на крајот од средбата доби црвен поради груб и несмасен потег, но не се бунеше. Напротив, покажа позитивен пример, дека не треба да се реагира кај судиите кога е човек крив и им се извини на навивачите.

Како Перо со песна „го избркал“ Жељко од кафана

Перо Антиќ е најновиот гостин во подкастот Пресинг. Зборува на многу теми поткрепени со пикантерии. Раскажува како изгледа еден тренинг со покојниот Дуда Иваковиќ и што се случило кога се нашол во иста кафана со Жељко Обрадовиќ. 

Хит видео на колото

Ливерпул минатото лето плати астрономски 140 милиони евра за напаѓачот Александер Исак кој дојде од Њукасл после неколку месечна сага. Ама сега навивачите на Ливерпул не би дале ни 14 центи за него. После новиот тежок дебакл на црвените кои изгубија дома 0:3 од Нотингем Форест и го забележаа шестиот пораз на последните 7 натпревари во Премиер лига, целиот бес беше истурен во Исак.

Страшниот гол на Кристијано Роналдо и од друг агол

На само неколку дена до затворање на кандидатурите за најубав гол на светот за 2025-та, Кристијано Роналдо постигна страшен погодок, голчиште кое сигурно ќе конкурира за најубав на планетата во изминатите месеци. Португалецот еднаш ја доби оваа награда за слично ремек-дело кога со ножички постигна еврогол за Реал Мадрид против Јувентус.

Голман на Лидс Јунајтед или статуа?

Астон Вила заслужено со 1-2 го совлада Лидс Јунајтед на гости после пресврт со двата гола на Морган Роџерс од кои едниот прекрасен од слободен удар. Во стилот на Кристијано Роналдо со префрлање на живиот ѕид на средина. Францускиот голман Лукас Пери не мрдна.