Offside

„Само да ме гледаш и ќе се измориш од моето темпо. Од сала не сум излезен“, вели Јован Шапе, неуморен борец кој душата ја дава за одбојката и кој маршира силно паралелно и во женска и во машка конкуренција. Полн со ентузијазам, желба и љубов за спортот во кој е сè. Медалите не се бројат.

Ќе игра ли Иран на Светско првенство во САД?

По здружените воени напади на Израел и САД врз Иран во кои загина иранскиот ајатолах Али Хамнеи (86), како сите области така и спортот во оваа земја е сопрен во услови на војна. Фудбалската лига е суспендирана на неопределено време а прашање е сега како Иран ќе се постави кон Светското првенство 2026 кое го игра во САД.

Грк со неверојатен скок го надмина Бубка и му се приближи на Дуплантис

Дваесет и шест годишниот Грк од татко Грк и мајка од Уганда, Емануил Каралис на 28-ми февруари на државното првенство во атинското предградие Пеанија прво имал успешен обид на 6,07 метри, па решил да го крене предизвикот на 6,17.

Тензично во Оклахома, Јокиќ и Вилијамс се фатија за врат

Денвер Нагетс загуби на гостувањето против Оклахома во продолженија со 121-127. Мареј постигна 39 поени, а Јокиќ оствари трипл-дабл. Србинот влезе во клинч со Лугенц Дорт, кој неспортски го фаулираше, а потоа и со Џејлин Вилијамс, кој застана во одбрана на својот соиграч. Дорт беше исклучен за намерниот фаул, а Јокиќ доби техничка.

Славните спортски ѕвезди ручаа во Дебар маало

По Хрватска, Словенија, Србија и БиХ, Македонија се приклучува на „Спортските игри за млади“ кои оваа пролет ќе се одржат во 10 спортски дисциплини, а се очекува да учествуваат над 1.000 деца. По потпишување на договорот со македонска влада, промоторите и амбасадори на настанот, заедно со македонските претставници се нагостија со богата софра на Боемска. На едно место можеа да се видат Жељко Обрадовиќ, Предград Даниловиќ, Славен Билиќ, Предраг Мијатовиќ, Аљоша Асановиќ, Шиме Врсаљко, Веселин Вујовиќ, Игор Ангеловски, Масар Омерагиќ, Борко Ристовски...

Градски парк сефтосан со забивање

После пауза од пет години, во Градски парк, кој е во ново руво, повторно се играше кошарка. Заигра македонската репрезентација против Луксембург во претквалификациите за Европското првенство 2029 и победи 79-70. Нашиот национален тим направи кам бек во култната сала после 20 години. Првите поени ги запиша Итан Хап и тоа атрактивно со забивање по само 16 секунди игра, на асистенција на Марин Петков.

Жиру го запозна Дарко Панчев

Најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Франција (57 гола на 137 настапи) синоќа повторно постигна гол на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград. Некогаш во дресот на Арсенал Жиру даде прекрасен гол, а синоќа на неполни 40 години пак стрелаше против Црвена звезда и го одведе Лил во осминафинале од Лига Европа. После мечот Жиру ги разгледувал музејските поставки на стадионот. Застанал пред култната фотографија на Дарко Панчев и пеналот во финале на Куп на европски шампиони против Марсеј.

Кога Перо Антиќ лепел пари со Стоичков на сепаре

По регионалните подкасти поранешни и сегашни кошаркари често раскажуваат разни анегдоти кои се буквално за филмски сцени. Така некогашниот српски кошаркар Славко Стефановиќ раскажа дешавки со Перо Антиќ од времето кога играа за Лукоил Академик во Бугарија.

Прес на Пешиќ со необичен лингвистички микс

Обично ги меша англискиот и германскиот, ама сега смени. Англиски со шпански.

Крем де ла крем во Скопје: Жељко Обрадовиќ, Славен Билиќ и Мијатовиќ ги промовираат Игрите за млади

Македонија ѝ се приклучува на најголемата аматерска спортска манифестација за деца и млади во Европа – „Спортски игри за млади“. Токму затоа во Владата на Република Македонија и официјално беше потпишан договор за соработка и нашата земја стана дел од оваа престижна меѓународна платформа. Познати гости од регионот во Скопје.

Ретко видена сцена: српски тенисер победи без меч топка

На силниот турнир АТП 500 во Акапулко на кој играа познати играчи како Александар Зверев, Гаел Монфис, Тиафо, Белучи и други, српскиот тенисер Миломир Кецмановиќ оствари пласман во полуфинале на необичен начин. На неговиот дуел против Французинот Атман, Кецмановиќ победи 6:3, 6:3 но последниот поен го доби по казна за противникот откако главниот судија го казни Атман поради задржување време подолго од предвиденото меѓу поените.

Ракитиќ, што ти требаше помада пред жрепка?

Легендарниот фудбалски ас Иван Ракитиќ кој блескаше во дресовите на Базел, Шалке, Барселона и Севиља, денес беше гостин на ждрепката за осминафинале во Лига на шампиони. Уште од првата кугла не му одеше добро, му се лизгаше од раце поради кремата што прехтодно ја ставил.

Кој вика дека не се трча со скии?

На тазе завршените Зимски олимписки игри, Јоханес Хесфлот испиша историја и стана прв спортист со 6 златни медали, освоени на една зимска олимпијада. 29 годишниот норвешки скијач победи во дисциплините класичен спринт, 10 километри слободен стил, 20 километри скијатлон, 50 километри класичен стил, екипен спринт слободен стил и штафета 4×7,5 километри. Погледнете како царот го искачуваше успонот.

Ждрепка за Лига Европа: Сè-италијански дуел за Рома, Унаи Емери против Лил

Попладнево во Нион, по ждрепката за осминафинале во Лига на шампиони, традиционално под водство на веќе легендарниот Џорџо Маркети и неговиот гостин Маниш од Португалија, се извлекоа и паровите за 1/8 финале во Лига Европа. Одлични парови за големи мегдани.

Мега дерби во осминафинале, се паднаа Реал Мадрид и Манчестер Сити

На денешната ждрепка во Нион беа извлечени осминафиналните двојки за Лига на шампиони. Бодо Глимт доби противник по мерка.

Меси соборен на земја од гледачи во Порторико

За време на пријателска средба меѓу најпознатиот еквадорски клуб Индепендиенте дел Вале и Интер Мајами одигран во Порторико пред 12.500 гледачи, некои неодговорни поединци влетале во терен во желба да се сликаат со Лео Меси. При гужвата со редарите го собориле на земја.

Од дете се учи кога да не прави фаул

Во четвртфинале на средношколски баскет во САД меѓу Јужен Орегон и Бушнел, домаќинот водел 2 поени предност на 1,2 секунди пред крај и плус слободно фрлање. Го промашува намерно со цел да истече време, ама негов соиграч прави најглуп фаул на сезоната при обид за три поени. Гостите добиваат три слободни, ги даваат сите и победуваат.

Симпатичен дијалог на англиски навивачи за бакљи

Турскиот гигант Фенербахче синоќа го победи на гости англискиот премиерлигаш Нотингем Форест со 1-2 но поради поразот 0-3 дома во Истанбул испадна пред 1/8 финале на Лига Европа. Околу 2.000 турски навивачи правеле хаос во гостинскиот сектор а поради фрлени бакљи во терен судијата го прекина мечот на кратко уште во 2' минута. Фенербахче го чека казна од УЕФА за ова, а домашните навивачи се чудеа зошто не виделе факел на англиски стадион.

Не се тоа Јапонци па да средуваат

Нотингем Форест успеа со вкупен резултат 4-2 и покрај поразот 1-2 на домашен терен од Фенербахче да помине во осминафинале на Лига Европа. Англиските медиуми пренесуваат фотографии од гостинскиот сектор на стадионот „Сити Граунд“ каде седеле турски навивачи кои направиле карамкаша.

А таман го пофаливме

Па нели на Анчелоти му се местиш на список за Светско? Каде со тој памет?

Нејмар си поигра со Васко де Гама

Сантос го совлада Васко де Гама со 2:1, а аплаузите одат на сметка на Нејмар кој ги реши со два гола, од кои еден убав со лоб. 34 годишниот напаѓач кој се изнамачи со повреди, сè уште се надева дека игра на Мундијалот. Последниот збор ќе го има Дон Карло.

Леброн ти ова?

Лејкерси го доживеаа третиот пораз во низа откако загубија на гостувањето кај Феникс со 110-113. Залудни 41 поен, 8 скока и 8 асистенции на Дончиќ. Леброн Џејмс имаше 15 поени и еден влез под кош, кој само го потсети дека има 41.

Жиру не старее, Ѕвезда елиминирана во продолженија

Црвена Ѕвезда не успеа да го одбрани феноменалниот резултат од 0:1 остварен среде Франција. Пукна одбраната на Маракана по само 4 минути игра, а ја проби Оливие Жиру кој гази на 39 години. Мечот отиде во продолженија, а таму работата ја заврши дефанзивецот Натан Нгој во 99 минута.

Среќен роденден Оле Гунар Солскер

Легендарниот Норвежанец од редовите на Манчестер Јунајтед денеска полни 53 години. Го постигна еден од најважните голови во историјата на клубот од Олд Трафорд. Во 93-та минута, во финале од ЛШ против Баерн. Потег вреден трофеј. Незаборавен трилер.

Кога Пеп Гвардиола решил да го купи Халанд?

Неговите екипи играат најубав фудбал за око, со голем посед на топка и интензивни шанси пред противнички гол. Ама тие шанси требаше да се користат, не да се цепидлачи пред голман.