Каењето на Алекс Фергусон за вечерата со Гвардиола

Легендарниот штотски стратег кој остави непроценливо богатство од 38 трофеи во Манчестер Јунајтед, извади нова книга по име „Games of My Life“.

Сер Алекс Фергусон во книгата проговори за вечерата што ја имал со Пеп Гвардиола, една година пред да го избере својот наследник на Олд Трафорд.

Тој посакува тоа да се случело порано, за да можел да го убеди Шпанецот да го наследи во Манчестер Јунајтед. Гвардиола веќе се имаше договорено со Баерн Минхен, а подоцна го презеде и ривалот Манчестер Сити.

Нивната средба е одржана една година пред Ферги да се повлече од фудбалот, кога шпанскиот стратег веќе оставил силен впечаток како тренер на Барселона.

„Во изминатите десет години, често се прашував што ќе се случеше ако вечерата што ја имав со Пеп во Њујорк во 2012 година се одржеше неколку месеци порано.

Во тоа време, сè уште не бев цврсто одлучен да се пензионирам. А Пеп беше убеден дека треба се испроба во Бундеслигата со Баерн Минхен, откако постигна огромен успех за само четири години во Ла Лига, .

Кога би можел да го вратам времето назад, ќе вечеравме неколку месеци порано, ќе наточев многу „Тињанело“ (италијанско вино) и ќе дадев сè од себе за да го убедам дека неговата иднина е во Манчестер“.

Кога се сретнал со Гвардиола, Фергусон сè уште немал одлучено кога да се пензионира, но по смртта на сестрата на неговата сопруга во декември 2012 година, ја донел тешката одлука да го напушти „Олд Трафорд“.

„Пеп постави неверојатен стандард за сегашната генерација играчи и за секој што сака да стане тренер. Уште од раѓање беше поврзан со боите на Барселона, имаше блескава клупска кариера и беше еден од најдобрите играчи за врска во 90-тите години.

Додека беше активен фудбалер, Пеп не само што имаше успех, туку буквално уживаше во него во изобилство. Исто така, имаше можност да игра под водство на низа силни личности со различни тренерски пристапи – Јохан Кројф, Боби Робсон и Луј ван Гал. Пеп стана тренер на Барселона кога имаше само 37 години. Кога гледам како некои од најголемите ѕвезди во фудбалот го напуштаат теренот и веднаш ја преземаат тренерската улога без многу подготовка или искуство, ме фаќа страв. Тоа често завршува лошо, особено за играчите од Премиер лигата.

Влогот е преголем. Постојано сте под лупа на јавноста. Луѓето очекуваат дека успехот на теренот автоматски ќе се пренесе и на тренерската клупа. Поранешните фудбалери се нетрпеливи кога прават премин кон највисоко ниво. Пеп Гвардиола е најпознатиот пример за тренер кој започнал во врвен клуб додека бил релативно млад.“

Инаку по заминувањето на Фергусон, Манчестер Јунајтед 13 години не успеа да го пронајде наследниот кој ќе го врати клубот на шампионски патеки. Прв кој се фати за таа задача на препорака на Фергусон, беше Дејвид Мојс, но издржа само 10 месеци на функцијата.

9 октомври 2026 - 12:59