Тенисер доживеа нервен слом, кршеше рекет и го фрли во публика

Вирусот „Данил Медведев“ со кршење рекети и фрлање во публика како да се шири во тенискиот свет. Сега младиот француски тенисер, 24-годишниот Теренс Атман (роден 2002-ра) на крајот од третиот сет при водство на противникот Бернард Томиќ 5:3 во квалификациите во Шангај почна бесно и лудачки да го удира рекетот во мрежа и да го фрли силно во публика. За ова не го исфрлиле туку само му одемале поен за казна.

За Атман кој во април годинава беше 41. на светската ранг листа а сега е 99-ти, ова беше второ напуштање меч во само две недели. Претходно се повлече од мечот со Елиас Имер на Челенџер во Зиншан во Кина.

 

9 октомври 2026 - 11:56