Offside

Весна Витанова e екс македонска репрезентативка и прва жена од Македонија со лиценца за тренер на УЕФА и ФИФА. Во само неколку реченици ја објаснува филозофијата на игра на Шпанците.

Срамен потег на новиот италијански прволигаш

Илија Несторовски и Александар Трајковски за жал не успеаа со Палермо да се изборат за кам бек во Серија А, откако вечерва го загубија реваншот од плејофот со Фрозиноне со 2:0 (на првиот дуел Сицилијанците славеа 2:1). Скарани се фудбалерите на Фрозиноне со фер плеј. Фрлаа топки на сред игра за да се губи време. Кутри.

Успешен старт на Хрватите

Без блескава игра, но со искуство и поквалитетен играчки кадар, селекцијата на Хрватска ја доби Нигерија со 2:0, но без ниту еден нивни гол од игра. Првиот беше автогол, а вториот пенал кој за разлика од претходните на Аргентина и Перу, Модриќ го претвори во погодок.

Имаше уште еден пенал за Перу

Селекцијата на Перу доби пенал на крајот од прво и не го искористи, а можеше многу порано уште на стартот на мечот да добие уште еден. Сè се случи пред очите на судијата, кој не почувствува потреба ниту да се повика на ВАР, а имаше прекршок.

Прецизност на денот

Лионел Меси и Кристијан Куева се двајцата несреќници во третиот мундијалски ден со промашен пенал. Треба да одат на часови кај Томас Дилејни од Данска кој има специфичен нишан.

И Перу утна пенал, триумф за Данска

Во вториот натпревар од Ц групата, Данска го совлада Перу со 1:0, а Кристијан Куева во финишот од првиот дел се посрамоти со удар кој заврши високо над голот на Шмајхел.

Исланд и скина бод на Аргентина, Меси промаши пенал

Дебитантот на Мундијалите го скроти двократниот Светски првак кој и покрај ултра силниот напад со Меси, Ди Марија и Агуеро, како и Дибала и Игуаин на клупа не успеа да ја совлада малата островска земја. Асот на Барселона на 1:1 пропушти златна шанса да го реши мечот.

Погба и Гризман ја решија Австралија

Селекцијата на Франција ги освои планираните 3 бода во групата ц, каде е фаворит за првата позиција. За головите на Франција помогнаа ВАР и гол технологијата со чип во топката која фунционира беспрекорно за разлика од судиите кои работат во кабина.

Спектакуларно дерби Португалија - Шпанија, Роналдо фуриозен

Во дербито на првото коло видовме шест убави голови а Кристијано Роналдо постигна три гола од кои третиот за бод беше право ремек дело од слободен удар. Португалија - Шпанија 3:3.

Имаше ли пенал над Роналдо или не?

Уште во првиот напад на Португалија во 3’ минута Кристијано Роналдо тргна кон противничкиот гол и после еден дриблинг врз соиграчот од Реал Начо, падна на земја а Џанлука Роки досуди пенал против Шпанците.

Во Иран не пуштале жени на стадион, а Иранките во Русија славеа без хиџаб

Иако Иран важи за делумно послободоумна држава во целото нејзино опкружување, жените во оваа земја патат од неколку забрани.

Иран славеше со автогол во 95-та минута

Вториот меч на денот, а прв во групата Б попладнево се одигра во Санкт Петербург на стадионот „Крестовски“  пред 62.548 гледачи. Трите бода ги освои Иран кој победи со автогол на Бухадуз.

Се одигра меч и на најчудниот стадион на Светското, Египет - Уругвај 0:1

По петардата на Русија над Саудиска Арабија на отворањето во Москва, денес во вториот меч од групата А во Екатеринбург Уругвај потешко од очекувањата го скрши отпорот на „Фараоните“.

Фудбалска поезија Т`га за Питу

Се вика Таки, од Крушево е, навива за Лацио и ни испрати едно фасцинантно ремек дело сработено заедно со свој другар, излезено во средношколскиот весник на училиштето „Наум Наумовски Борче“ во 2002/2003. Ц-А-Р-Е-В-И.

Марсело пак со Марсело трик

Ти му ја подаваш тој чуда прави со топката. Не бе не е тачен.

Дали веќе ја имаме фотографијата на Мундијалот?

Од лево на десно седат: Самуел Ето, Чави, Икер Касиљас, Карлес Пујол, (ќелавото не го знаеме), Диего Армандо Марадона и Роналдо. Тоа се тие ѕверови од три различни континенти на едно место, во ложата на Лужники во Москва.

Како се славеше победата на Русија во Москва

Русија - Саудиска Арабија 5:0, тоа видовме, ама не сте виделе кој сè славеше после по улици. Зема да свири бе, права навивачка.

Пукна петарда на стартот на Мундијалот

Домаќинот Русија го отвори Светското првенство како вистински газда со висока победа над Саудиска Арабија со 5:0. Ајде вака нека е со голови цел Мундијал.

Свечено отворен Мундијалот 2018 во Русија

Дојде и тој ден после четири години чекање, квалификации, борби, дуели, табели... Започна Светското првенство во фудбал.

Матео Ковачиќ ни даде добра причина да навиваме за Хрватска

Реал ѝ го украде на Шпанија селекторот Лопетеги а во меѓувреме фудбалерите на „кралскиот клуб“ даваа кратки пораки зошто би требале да навиваме за нивната земја.

Кадрите кои сигурно ќе им има и во Русија

Пратењето на фудбалската топка не е единствениот приоритет на камерманите. Тоа го знаеме ние, а го знаат и тие кои ќе снимаат. Исто така битно е во режија да бидат сконцентрирани за да добиеме што поубав пренос.

Најлошото отворање на Светско првенство

Промашениот пенал на Роберто Баџо е симбол на САД 1994, ама не го промаши само он цел гол. Во минута и кусур ѕирнете го отворањето од тој Мундијал на кое легендарната пејачка Дајана Рос добива сосема погрешна задача. 

Колку беше лесна или тешка за предвидување групната фаза на СП 2014

Фаворитската улога не е гаранција за успех, туку победува оној кој ќе одигра подобро или ќе има повеќе среќа. Ако ви се избледени сеќавањата од пред четири години ќе ве потсетиме само како минаа Шпанија, Италија и Англија на прошлото Светско, а не дека и Хрватска и Португалија беа задоволни.

Стариот добар Џеј-Џеј Окоча прави шоу во Русија

За него еднаш Роналдињо кажа дека е единствениот кој имал повеќе дриблинзи од него. Нигериецот не направи којзнае колку богата кариера ама им остана во сеќавање на сите носталгичари кои ги поздравува од фан зоните во Москва.

Најсмелиот претседател на федерација кој го избрка селекторот пред Светско

Рубиалес во кариерата играл за неколку второлигаши а во еден момент сфатил дека повеќе му лежи да биде адвокат и менаџер по што тргнува во голем поход.