Фудбалерот од кого Роналдо ја научи прославата на гол сега одгледува марихуана

Еден од најинтересните репрезентативци на Австралија 14 години играше во најдобрата италијанска лига Серија А. Сега нит гледа фудбал нит бутур, во глава му е само конопот.

Ништо лично, само бизнис

Оние кои внимателно ја следат Серија А и италијанскиот фудбал мора добро да го паметат Австралиецот Марк Брешано. Тој во Италија помина дури 14 години и играше за Емполи, Парма, Палермо и Лацио.

Пред пар години Брешано ја заврши играчката кариера во катарскиот клуб Ал-Гарафа и се вратил во татковината.

Неодамна тој дал интервју за животот после фудбалот кој очигледно не му фали баш многу. Брешано не се запишал на тренерски курс ниту пак работи како стручен коментатор. Се занимава со одгледување на коноп.

„Сега водам бизнис со браќата и другарите. Многу ме заинтересира употребата на коноп во медицински цели. Целото време го посветувам на тоа и вложив многу труд за да успеам. Со колегите сакаме да добиеме лиценца за одгледување и продажба во медицински цели но уште сме далеку од тоа.

Веќе најдовме соодветен простор во Мелбурн. За сега бизнисот го финансираме само ние двајца но можно е скоро да инвестираат со нас и други луѓе. Ниој во Австралија уште не одгледувал коноп во медицински цели. Во САД, Канада и Европа има експерти од кои сме спремни да бараме совети.

Ова е нешто поинакво од она што претходно го работев, но се надевам дека ќе излезе добро. Ако се оди по планот, веќе во март-април ќе работиме.

ЗА ФУДБАЛОТ

„Веќе никако не сум поврзан со фудбалот. Изгубив љубов за оваа игра - дури ни не гледам фудбал на телевизија. Во Австралија мора да станам многу рано за да гледам Серија А а мене ми треба сили за да го водам бизнисот. И сега му се насладувам на животот“, вели Брешано.

ЗА НАЈДОБРИОТ ИГРАЧ

„Најголем впечаток од сите ми остави Фабио Канаваро. Фабио отсекогаш беше силен. Дури и на тренинзите играше како да е финале на Светско првенство. За жал не игравме долго за една екипа“, вели Брешано.

ЗА СВОЈАТА УНИКАТНА ПРОСЛАВА НА ГОЛ

„Никогаш не мислев дека некој ќе памти како славев даден гол. Велите дека тоа е претходница на прославата на Кристијано Роналдо? Да, но дајте тука да ја завршиме секоја споредба“, искрено констатира Марко Брешано.

1 октомври 2018 - 14:53