Германија ја победи Турција во трката за добивање на домаќинството на Европското првенство во фудбал во 2024 година - така реши Извршниот комитет на УЕФА.
Ова ќе биде второ Европско првенство во историјата на Германија и втор најголем турнир во ХХI век. Германците го организираа Европското 1988 година кога во финалето Холандија го совладала поранешниот Советски Сојуз, а во 2006 година Германија беше организатор на Светското кога во финалето Зидан со глава го собори Матераци а Италија ја доби Франција на пенали.
УЕФА ги оценувала кандидатурите за домаќин по 12 параметри меѓу кои и квалитетот на стадиони, транспортна инфраструктура па дури и политичка ситуација. И клучните параметри биле во полза на Германија.
***
Сите 10 големи стадиони во Германија веќе се реновирани и скоро изградени и не им треба голема реконструкција. Козметички корекции треба на стадионите во Дортмунд, Дизелдорф, Франкфурт, Хамбург, Лајпциг и Минхен. Таму треба да се поработи на инфраструктурата и на ВИП ложите.
Во Турција во последните години се изградени осум арена меѓу кои и стадионот „Ататурк“ во Истанбул кој после реконструкцијата која му следува ќе собира 92.000 гледачи!
УЕФА за во 2020 година за таму го планира финалето на Лига на шампиони но изразиле загриженост поради пробивање на роковите.
Транспортната инфраструктура на Германија е една од најдобрите во Европа - современа и квалитетна. Плус во сите градови каде ќе се игра Европското има добро развиен хотелски туризам кои ќе може да ги прими сите гости на шампионатот.
Турција требала да обнови девет аеродроми и да построи стотици нови хотелски капацитети.
****
УЕФА многу гледа и на политичката ситуација во земјите-претенденти. Во извештајот за Германија УЕФА пишува дека таму се почитуваат правата и слободите на луѓето. Во извештајот стои и дека шест од десетте градови домаќини каде се планира Европското 2024 се членки на ECCAR - Коалиција на европските градови против расизмот.
Турција во оваа коалиција ја претставуваат Истанбул и Анталија. Во барањето на Турција за домаќинство, УЕФА нашла недостаток на план за заштита на човековите права. Во Германија е можно да се рекламира алкохол, производетли на тутун и обложувалници. Во Турција сево ова е забрането. За УЕФА тоа бил уште еден проблем.
Поради тоа од 17 членови од Извршниот комитет 12 гласале за Германија, 4 за Турција а 1 останал воздржан.
10 стадиони во Германија за Евро 2024:
- Берлин, Олимписки стадион (капацитет 74.461 гледач)
- Минхен, Алијанц Арена (капацитет 70.076 гледачи)
- Дортмунд, Вестфаленштадион (капацитет 65.849 гледачи)
- Гелзенкирхен, Арена АуфШалке (капацитет 54.740 гледачи)
- Штутгарт, Мерседес Бенц Арена, (капацитет 54.697 гледачи)
- Хамбург, Фолкспаркштадион (капацитет 52.245 гледачи)
- Дизелдорф, Есприт Арена (капацитет 51.031 гледач)
- Келн, Монгерсодрфер (капацитет 49.827 гледачи)
- Лајпциг, Ред Бул Арена (капацитет 49.539 гледачи)
- Франкфурт, Валдштадион (48.387 гледачи).