Познатиот холандски бренд COPA неделава соопшти дека пушта во продажба серија фудбалски дресови на Јувентус, посветени на најтрофејниот период во историјата:
Сезона 1984/85, кога клубот го освои европскиот Куп на шампиони и владееше со континентот:
Дрес од сезоната 1992-93 кога Јувентус го освои Купот на УЕФА:
Дизајнерите првпат ја споменуваат и првата победа на Јувентус во Купот на УЕФА во сезоната 1967-1977 со дизајниран класичен домашен дрес како од тоа време:
И гостинскиот од таа славна сезона:
Во продажба деновиве е пуштена и ретро варијанта на дресот со кој Јувентус настапувал во Купот на Куп победници 1983/1984 кога и го освојува 21. Скудето:
Ремек дело - ретро дрес со долги ракави од далечната 1951-1952:
Прекрасно изгледаат и двете крути тренерки. Првата од сезоната 1974-1975 не враќа во спортската мода на средината од ’70-те со неутрална боја и патент до градите:
А втората е со посилна сина боја од сезоната 1975-1976:
Холандската компанија Copa која ги израдува навивачите на Јувентус со новата линија ретро дресови со која многу приврзаници на „Старата дама“ ќе можат во својата колекција да имаат и нешто од богатото минато, направи и детска колекција:
Дресовите онлајн може да се нарачуваат преку сајтот на Copa.