Offside

Веќе се познати сите екипи кои ќе играат во новата сезона од Лига на шампиони 2026/2027. 36 тима од кои некои ќе бидат дебитанти и за првпат ќе играат во најдобро друштво.

Тоа е таа банда со јака команда

Пол Сколс, Рио Фердинанд, Вејн Руни, Алан Смит, Џон О’Ши, а во позадина ѕирка Руд ван Нистелрој. Доволни се имињата на првите тројца како едно потсетување какво екипиште беше ова и каков фудбал играше во споредба со сегашниот тим кој го носи само иметo на Манчестер Јунајтед.

Прашање до Клоп за европскиот првак Црвена Ѕвезда

Ливерпул вечерва ја пречекува Црвена Ѕвезда во 3. коло од Лига на шампиони. Јирген Клоп доби прашање на прес за тоа дали се сеќава кога вечерашниот негов противник ја освоил Европа во 1991? Секогаш, ама секогаш е спремен со одговор по кој следува смеење.

Халкбанк е нов официјален спонзор на РФМ

Денес, во присуство на медиумите, спортските новинари и претставници на Ракометната Федерација на Македонија, во просториите на Бизнис-центарот на Халкбанк, и официјално беше потпишан договорот за годишно спонзорство помеѓу Халкбанк и РФМ.

Писмо од синот му помогнало на колумбиски голман да ја преживее загубата на сопругата

Во колумбискиот фудбал неколку денови се зборува за тажната сторија на голманот Луис Делгадо кој останал без сопругата а најголема храброст да продолжи понатаму му дал малиот Матијас.

Лукаку белите не се од твоја

Манчестер Јунајтед сезонава има само две победи на домашен терен на сите натпреварувања, а сезоната ја стартуваа на 10 август. Добар показател за тоа дека екипата личи на раштиман оркестар е овој нејасен пас на Ромелу Лукаку. Погледна убаво кај се неговите и пак џабе.

Манчестер синоќа пак доцнел, а Мурињо тргнал пешки на стадион

Манчестер Јунајтед, освен на теренот има проблеми и надвор од него: никако не може да стигне на време на дуел од Лига на шампиони па сега се соочува со нова казна од УЕФА.

Посебната поврзаност на Роналдо со Олд Трафорд

Кога Кристијано Роналдо беше потиштен од тага за црвениот картон во првото коло од ЛШ, многумина сметаа дека се плаши од суспензија која нема да му дозволи да се врати на Олд Трафорд. Местото каде се создаде нераскинлива врска меѓу него и публиката.

Најстариот фудбалски клуб на светот денес слави роденден

Пред 116 години на едно место во Англија за првпат се играла најомилената игра која години подоцна ќе стане најважната споредна работа на светот.

Брозовиќ на полувреме од дербито со Милан возел статичен точак

Во првиот дел од миланското дерби фудбалерот од среден ред на Интер и на репрезентацијата на Хрватска, Марсело Брозовиќ здобил повреда на бутниот мускул. На полувреме не сакал да излезе од игра и за да не му се олади мускулот решил да вози на статичен точак. Излегол на терен во второто полувреме и истрчал вкупно 12,5 километри.

Ирски прволигаш ќе носи дресови со ликот на Боб Марли

Љубовта на Боб Марли кон фудбалот била можеби и поголема од страста за музиката. За 38-годишнината од неговиот настап на стадионот во Даблин, Бохемијан ќе игра во дресови со неговиот лик.

Од каде се најдоа чудните линии на Олд Трафорд?

Главниот меч на вечерта меѓу Манчестер и Јувентус се одигра на невообичаен терен - сите 90 минути под нозете на фудбалерите имаше бели долги линии.

Хулигани на ЦСКА Москва настрадаа во римското метро и во тепачки низ Рим

Како и во 2014-та кога ЦСКА Москва гостуваше во главниот град на Италија, така и синоќа стотици навивачи на рускиот клуб предизвикале нереди од кои на крајот сами го извлекле подебелиот крај.

Пантерската интервенција на Де Хеа против Роналдо

Поразот на Манчестер Јунајтед од Јувентус е 0:1, само поради извонредниот Давид де Хеа. Овде човек не може да не се воодушеви на страшниот удар во трк на Кристијано кој упати проектил во агол, кој изгледаше дека е неодбранлив. Како ли само успеа да го скроти ова шпанскиот голман?

Ракометни совети на српско англиски јазик во Саудиска Арабија

Бошко Јоловиќ од Србија беше тренер во младинските категории во Саудиска Арабија и ништо повеќе од тоа нема потреба да знаете за него, туку треба само да го слушате. Он е толку јак стратег за ракомет што објаснува и како Џордан ја протнувал низ нозе.

Сава Осигурување го сочува водството и стигна до победата над Рамстор

Екипите на Вип, Еуро Табак и Сава Осигурување со победи го стартуваа 5. коло од Бизнис лигата на Македонија.

Јувентус го освои Олд Трафорд

Со голот на Дибала во 17-та минута, Старата Дама го совлада Манчестер Јунајтед кој го доминираше речиси цел натпревар. Без проблем за фаворитите Баерн, Реал, Манчестер Сити и Рома кои ги освоија планираните три бода. Ајакс ја сруши Бенфика во 92-ра минута.

Преку 100.000 гледачи на полуфинале во азиска ЛШ

На „Азади“ стадионот во Техеран на мечот Персполис (Иран) - Ал Сад (Катар) се регистрирани повеќе од 100.000 гледачи. Двата клуба го играат реваншот од полуфиналето во азиската Лига на шампиони. Првиот меч го добиле Иранците, а Катарците водат по 25 минути игра во првиот дел.

Кога Дел Пјеро го замолкна „Олд Трафорд“

На 20. ноември 1996 Јувентус стана првиот италијански тим во историјата кој славел против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“. Со голот на маестралниот Алекс Дел Пјеро од пенал во 36’ минута, „бјанконерите“ победија 0-1.

Тетоважи веќе не се во мода, има фудбалери кои ги бришат

Еден од подобрите фудбалери на Челси сезонава, и англиски репрезентативец, Рос Баркли вели дека му здосадиле тетоважите, не му биле веќе интересни и дека како созреан човек решил да ги отстрани од себе.

Нигеријката која ѝ донесе сребро на Италија и му удри смеч на расизмот

Паола Егону е родена во Читадела, град во регионот Падова на 18 декември 1998 година од родители мигранти од Нигерија. Во моментов има 19 години а веќе важи за една од најдобрите одбојкарки на светот.

Фото на денот

Кога Лацио со голот на Чиро Имобиле од пенал поведе на гостувањето против Парма, режијата знаеше да улови интересна ситуација која се рашири на социјалните мрежи. Меѓу потиштените домашни навивачи имаше и еден падобранец кој рипна од радост.

Офсајд лик: Џан Пјеро Вентура

Сме немале во последно време кого да сместиме во нашата омилена рубрика со офсајд ликови. Ама ете се појави најужасниот италијански селектор кој викендов дебитираше на новата тренерска клупа. Полошо не можеше да помине.

Рамос е малку нервозен

На еден од последните тренинзи на Реал Мадрид, Рамос го искалил бесот врз младиот фудбалер Серхио Регулон кој тренира со првиот тим. Нервозата во Реал е очигледна затоа што екипата не знае што е победа веќе со недели а за да дадат гол треба да играат со кадетите на тренинг.

Се сретнаа хулигани на Вест Хем и Милвол и толку требаше

Иако со децении играат во различни лиги и пред секоја ждрепка за Купот се молат да паднат едни против други, навивачите на Вест Хем и Милвол ретко имаат прилика да се сретнат. А кога ќе се сретнат, како пред некоја вечер на боксерски меч меѓу Џими Гартон (познат навивач на Милвол) и  Гери Коркоран ќе се случи тоа што за жал се очекува да се случи.