Можеби звучи смешно но Шарлот синоќа за малку ќе изгубеше на невиден начин досега на НБА паркетите.
Хорнетси при резултат 106-106 го имаа последниот напад. Сите очекуваа шут на Кемба Вокер кој во последен момент му ја додава на Џереми Ламб кој постигнува тројка:
ICYMI: Jeremy Lamb wins it! pic.twitter.com/ovpNqpIBfJ
— The Crossover (@TheCrossover) December 13, 2018
Во тој момент станува целата клупа на Шарлот да прослави на три стотинки пред сирената а од снимката се гледа дека Малик Монк прв влегува предвреме на паркетот да се радува поради што судиите му свират техничка.
„Се плашев дека судиите ќе ни досудат техничка за секој играч што втрча во теренот и ќе им даде две-три слободни“, вели јунакот Ламб.
На крајот судиите му дадоа на Детроит само едно слободно фрлање па Пистонс немаа време за маневар зошто останаа само три стотинки од времето.
Џордан лут неколку пати му удри благи воспитни на Малик Монк кој се правдал дека мислел готово е: