Таг: шарлот хорнетс

Што е со забивањево бе мајсторе?

Баталете вие Ол стар викенд. Цела сезона во НБА е веќе како Ол стар викенд. Брендон Милер сака да ви покаже нешто, 21 годишниот член на Шарлот кој беше избран лани како втор пик на драфтот. Страшен потег, еден од најјаките оваа сезона.

Џордан да ти удри воспитна, значи стварно си згрешил

Најголемиот на сите времиња сега е претседател на Шарлот Хорнетс. Неговиот тим славеше луда победа со тројка во последните секунди пред крајот против Детроит Пистонс, но еден играч од клупата влезе пред време на паркет да се радува па доби техничка.

Личната карта на славеникот Џордан

Најдобриот кошаркар во историјата, освојувачот на шест шампионски прстени и сопственик на НБА франшизата Шарлот Хорнетс, Мајкл Џордан денес слави 54 години. Медиумите престанаа да бараат негов наследник затоа што е невозможна мисија.