Чекај кој е тука домаќин?

Синоќа се играше Лацио vs Ајнтрахт или Ајнтрахт vs Лацио? Римјаните беа домаќини, ама овие слики покажуваат како да било обратно. Германските навивачи држат лекции по лојалност, не само дома, туку кај ќе стигнат, па така беше и синоќа во Рим. Околу 9-10.000 се истоварија на Олимпико, а Лацијалите решија да го бојкотираат овој небитен меч од резултатски аспект, веројатно и поради бедните игри на нивниот тим во Серија А.

Германците направија спектакл на Олимпико.

14 декември 2018 - 09:10