Младеновски со хет-трик во првите три минути ја најави победата на Еуро Табак

Во третиот ден од 12. коло во Бизнис лигата на Македонија славеа екипите на Џонсон Мети, ЕЛЕМ и Еуро Табак.

Џонсон Мети со сигурна игра до победа над Окта

Окта 3-9(1-3) Џонсон Мети

Окта: Драганче Стојановски 38’ Живко Котевски 8’ Душан Босиљанов 26’

Џонсон Мети: Христијан Стојановски 31’ Бојан Дејановски 14’ 23’ 24’ 26’ 35’ Благоја Божиновски 2’ 20’ Бобан Ристов 29’

Екипата на Џонсон Мети одлично го започна натпреварот против Окта, екипата на Џонсон Мети уште на самиот старт односно во 2та минута успеа да постигне погодок и да го отвори резултатот на 0-1. Екипата на Окта се префрли на противничко поле и вршеше притисок кон голот на Џонсон Мети, ваквата агресивна игра им донесе израмнување во 8та минута. До крајот на полувремето екипата на Џонсон Мети имаше повеќе од играта и успеа да го добие ова полувреме со резултат од 1-3.Во второто полувреме екипата на Окта со голман играч во фаза на напад се обидуваше да створи вишок како би постигнале погодок и да фатат резултатски приклучок, но екипата на Џонсон Мети со сигурна игра во нападот и одбраната не остави многу простор за игра и го доби овој натпревар со високи 3-9..

ЕЛЕМ со одлично второ полувреме до победа над Пекабеско

ЕЛЕМ 4-0(1-0) Пекабеско

ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 14’ 38’ Ивица Апостоловски 40’ Реџепи 39’

Првиот дел од натпреварот помеѓу ЕЛЕМ и Пекабеско одмина во жестока борба по целиот терен, двете екипи на самиот старт наметнаа високо темпо на игра со многу шанси и на двете страни и слаба реализација. Како одминуваше времето екипата на ЕЛЕМ ја превзеде иницијативата, имаше повеќе од играта што им донесе водство 14та минута. До крајот на полувремето екипата на Пекабеско се обидуваше да постигне гол за израмнување но не успеа во таа намера па на полувремето се замина со резултатот од 14та минута 1-0. Во второто полувреме екипата на Пекабеско со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување фрли се на една карта и тргна во нападот, таквата офанзивна игра ја направи нивната одбрана ранлива а екипата на ЕЛЕМ преку контра напди успеваше да ги казни. На крајот овој натпревар заврши во корист ЕЛЕМ и резултат од 4-0.

Младеновски со хет-трик во првите три минути ја најави победата на Еуро Табак

Еуро Табак 7-3(6-1) LC Waikiki

Еуро Табак: Никола Зафировски 20’ Дејан Јанковски 38’ Дејан Младеновски 1’ 2’ 3’ 10’ Мартин Ливрински 8’

LC Waikiki: Алојз Перхај 39’ Енес Ариф 18’ 32’

Екипата на Еуро Табак одлично го започна натпреварот противLC Waikiki, денеска расположениот за игра Младеновски успеа да реализира хет трик веќе во третата минута и да и донесе висока предност на својата екипа уште на самиот старт. Оваа негатива ја шокираше екипата наLC Waikikiкоја не успеваше ова полувреме да ја пронајде својата игра, затоа пак екипата на Еуро Табак со одлична игра го доби ова полувреме со резултат од 6-1. На стартот од вториот дел екипата наLC Waikikiсе префрли на противничко поле вршејќи притисок со цел да ја намали високата негатива од полувремето, но екипата на Еуро Табак одлично ја постави својата игра во одбраната и дго доби овој натпревар со 7-3

13 декември 2018 - 12:58