Четврта сезона по ред, сите 7 шпански претставници се квалификуваат во нокаут фазата од европските натпреварувања. Каков податок и каква стабилност. Тоа значи повеќе бодови на ранг листа, пари, престиж...па и покажување заби дека се силни и сериозни.
И не само тоа, тие редовно имаат и победници. Само во последниве три сезони имаат пет победници од можни шест. Лигата на шампионите три години по ред е резервирана за Реал Мадрид, а Лигата на Европа ја освоија по еднаш Атлетико и Севиља.
Работава излезе, да не ти се падне шпански клуб во група. Ќе те изеде.
2018/2019
Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид се пласираа во осминафиналето од ЛШ, а Валенсија, Севиља, Бетис и Виљареал во нокаут фазата од Лига Европа.
Барса заврши прва во група со Тотенхем, Интер и ПСВ без никој да ја порази. Реал исто така прв, но со два порази во групата Г каде беа уште и Рома, Викторија Плзен и ЦСКА Москва. Атлетико Мадрид беше прв во А групата, а лидерската позиција ја загуби во последно коло.
Во Лига Европа, Реал Бетис ја освои групата Ф во конкуренција на Олимпијакос, Милан и Дуделанж. Виљареал беше прв пред Рапид Виена, Глазгов Ренџерс и Спартак Москва. Севиља лидер пред Краснодар, Стандард и Акисарспор. Друштво ќе им прави и Валенсија која не ја издржа тешката група во ЛШ со Манчестер Јунајтед и Валенсија.
2017/2018
Реал Мадрид победници, Барселона и Севиља четвртфиналисти во ЛШ. Атлетико Мадрид победници, Атлетик Билбао (топ 16), а Виљареал и Реал Сосиедад (топ 32) во ЛЕ.
2016/2017
Реал Мадрид победници, Атлетико Мадрид полуфиналисти, Барселона четвртфиналисти и Севиља осминафиналисти во ЛШ. Селта полуфиналист, а Атлетик и Виљареал (топ 32) во ЛЕ.
2015/2016
Реал Мадрид победници, Атлетико Мадрид финалист, а Барселона четвртфиналист во ЛШ. Севиља победници, Виљареал полуфиналисти, Атлетик четвртфиналист и Валенсија осминафиналист во ЛЕ.
Последната шпанска екипа која не успеала да се квалификува во нокаут фаза во едно од двете натпреварувања на УЕФА е Реал Сосиедад кој беше елиминиран во плејофот за ЛЕ во сезоната 2014/2015.