Offside

„Само да ме гледаш и ќе се измориш од моето темпо. Од сала не сум излезен“, вели Јован Шапе, неуморен борец кој душата ја дава за одбојката и кој маршира силно паралелно и во женска и во машка конкуренција. Полн со ентузијазам, желба и љубов за спортот во кој е сè. Медалите не се бројат.

Кралот е жив: Реал Мадрид се спаси со гол во 90+4' минута

„Кралевите“ на ова незгодно гостување кај Селта Виго дојдоа без 10 повредени и суспендирани првотимци па тренерот Арбелоа поведе 7 младинци со екипата. Орелијан Чуамени го донесе Реал Мадрид во водство против Селта на гости во 11' минута а Борха Иглесијас израмни на 1-1 во 25' минута. На крајот во 90+4' минута Федерико Валверде постигна победнички гол за 1-2 и Реал Мадрид се врати на само -1 од лидерот Барселона која има и натпревар помалку.

Атрактивен гол со волеј на Елмас за Наполи

Конечно Елиф Елмас. Македонскиот репрезентативец веќе подолго време игра стандардно за Наполи кај тренерот Конте, а синоќа на дуелот против Торино конечно го скрши мразот и даде гол, прв сезонава по враќањето во Наполи. Во 25. коло од Серија А Елмас постигна погодок во 68' минута за 2-0. До крајот гостите го намалија резултатот на 2-1.

Ненадминлив карамбол

Сме виделе карамбол повеќе пати, ама вакво нешто како во втората лига во САД сте виделе ли?

На Јанакопулос му прекипе, симната сликата на Бодирога од салата на Панатинаикос

Панатинаикос го претрпе дури 11-от пораз по ред во Евролига од најголемиот и најлут ривал Олимпијакос, синоќа во салата на црвено-белите „Мир и пријателство“ во Пиреја. Ексцентричниот газда на ПАО и најбогатиот Грк Димитри Јанакопулос бесен на Дејан Бодирога.

Легендата вели дека повеќе никој не ги памети резултатите на Ѕвезда

Кошаркарскиот клуб Црвена Ѕвезда доби сериозно засилување на трибини во однос на безбедноста. Ама луѓе се бунат. Не им текнува кој како играл откако ќе заврши мечот.

Линдзи Вон е чудо, стана и почна да тренира после 4 операции

Само 25 дена откако доживеа стравичен пад после кој ѝ следеа дури четири оперативни зафати на коленото и лигаментите на повредената нога, Линдзи Вон веќе активно вежба, тренира како ништо да не било. Ова го можат само ментално најсилните спортисти, нешто за што ѝ оддаваат признание најголемите атлети на денешницата.

Историскиот гол на Дејан Манасков против ПСЖ во Топ5

Битолската публика последниве неколку сезони гледа атомски ракомет. Во салата „Боро Чурлевски“ доаѓа европскиот крем. Последно беше ПСЖ во претпоследното коло од ракометната Лига на шампиони. Еурофарм Пелистер извлече реми 34-34 со гол во последните секунди на Дејан Манасков.

Ван дер Сар брзински кажа кои се а кои не светска класа голмани

Легендарниот холандски голман и миленик на навивачите на Ајакс и Јувентус кој блескаше и во Манчестер Јунајтед, отворено одговори на прашања за тоа кои голмани се а кои не се при светскиот врв. Без затегање.

Невидена сцена во Евролига, Мајк Џејмс нападна соиграч

Францускиот клуб од кнежевството Монако се соочува со резултатска криза која е продолжение на финансиската во која западнаа по административните проблеми. Играчите неколку месеци не земаа плата, па кошаркарите дури беа и во бојкот. Но решија да ја доиграат достоинствено сезоната. Синоќа претрпаа нов пораз, убедлив 88-70 од Фенербахче после што лидерот на тимот Мајк Џејмс го оттурна на сила својот соиграч Окобо.

Нов добар англиски хумор

Кристал Палас со 1-3 го совлада градскиот ривал Тотенхем на гости и му ја продолжи катастрофалната серија. Спарс се на само 1 бод од опасната зона и опасно им се заканува испаѓање во втора лига. Гостинските навивачи на Кристал Палас им пееле: „Sit down if you’re going down“ („Седни ако испаѓаш“).

Бегството на Ашковски од Иран кој морал да ја плати слободата

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски имал тешко патешествие на патот од Техеран до Скопје долг 3.200 км. Се соочил со затворени аеродроми и долго и неизвесно копнено патување со многу проблеми, без виза, а на почеток и без пасош. Клучен играч кој му помогнал од почеток до крај бил Мердар, шоферот на албанскиот репрезентативец Јасир Асани.

Инвентивноста на Тотенхем од слободен удар

Тотенхем е во очај. Загуби дома од Кристал Палас 1:3 и сега е на -1 од зоната за испаѓање. На табелата со бодови само од вториот дел од сезоната се на дното со ниту еден триумф на 10 меча. Погледнете ги како ги користат слободните удари.

Побрз и од Болт: Фудбалер на Железничар Панчево во Топ5 најбрзи играчи

Фудбалерот на Железничар од Панчево Симао Педро достигнал неверојатна брза од 37 километри на час на натпревар против Спартак Суботица што е петто најбрзо време во фудбалска Европа измерено сезонава.

Трамп: Кој е појак, Меси или Пеле?

Обично дебатата за тоа кој е најдобар и на која веќе станавме уморни е меѓу Меси или Роналдо? Ама секој со своето, според годините, спомените и знаењето. Диего во гроб се превртува.

Роди ме мајко со ксмет да не навивам за Тотенхем

Тотенхем - Кристал Палас 1:3 и тоа е веќе 14-ти пораз сезонава за лондонскиот тим кој е на само 1 бод до зоната за испаѓање. Погледнете го очајот на навивачите во 30 секунди.

Трамп го пречека Интер Мајами и на Меси му зборуваше за Роналдо

Шампионот во МЛС лигата за првпат во историјата стигна до овој трофеј, Интер Мајами беше на гости во Белата Куќа кај претседателот на САД Доналд Трамп кој организираше прием за Меси и другарите.

Трилп дабл на Јокиќ број 23 сезонава, Дончиќ и Леброн на колена

Денвер Нагетс ја доби битката на Западот против Лос Анџелес Лејкерс со 120-113 и ја продолжи борбата за врвот. Никола Јокиќ одигра на своето ниво со 26 поени, 12 скока и 13 асистенции, а Џамал ​​Мареј постигна 27 поени. Дончиќ ги предводеше Лејкерси со 27 поени и 11 скока, а Џејмс заврши со 16 поени.

Моќно видео снимено од автобусот на Барселона

Во пресрет на реванш полуфиналето од Купот на Шпанија, Барселона го пречекува Атлетико Мадрид со катастрофален пораз од првиот дуел од 4:0 и речиси сигурна елиминација. Навивачите пак им приредуваат ваков пречек на играчите.

Грузискиот Ван Бастен со гол на сезоната таму

Во 3. лига во Грузија падна најубавиот гол на сезоната. Ала Марко Ван Бастен од времето во Ајакс и Милан.

Бугарски голман направи смешен кикс

Локомотив Софија победи 3-1 против Добруџа во 24. коло од бугарската Прва лига. Конгоанецот Рајан Бидунга даде гол за домаќинот ама даде и автогол. Со глава ја врати топката до голманот Александар Љубенов кој направи голем кикс.

Ако Иран се повлече од Светско го жртвува и Мундијалот 2030?

На 100 дена до стартот, сè уште е нејасно дали Иран ќе игра на Светското првенство во САД. Земјата од која деновиве претрпува жестоки воздушни напади. ФИФА повикува на обединување.

Јокиќ од Охрид

Србите на социјалните мрежат вртат видео од Охрид, каде го најдоа Јокиќ џуниор.  Исти фриз, нос, очи. Не можеш да го видиш, а да не помислиш колку личат.

Голман на Војводина одбрани 4 пенали

Третопласираниот тим во српската фудбалска Супер лига, Војводина синоќа во Купот на Србија едвај се спаси против второлигашот Трајал од Крушевац и победи на пенали. Интересно основниот дел заврши 1:1, домаќините промашија пенал во длабоко судиско продолжение а во пенал серијата голманот на Војводина Матија Гочманац одбранил дури 4 пенали на Трајал!