Offside

Растен во Тафталиџе на сервис со другарите, брусен во академијата на европски и светски првак. Фудбалски пат како на сон, кој ова дете го живее на само 18 години. Македонија треба да биде спокојна со ваквите таленти.

Правила се правила па макар бил и Федерер

Во уредени земји каква што е Австралија редарот не размислува дали да прави селфи со светски мега големата ѕвезда, туку стриктно се држи до службата која му е наменета. Макар бил и најголемиот.

Зидан на часови кај професор Биелса

Тренерската кариера ја почна во Реал, го тренираше две и пол сезони и стигна до 9 трофеи од кои три историски во низа во ЛШ. Ама ЗиЗу е свесен дека и покрај успесите кои сепак ги постигна со врвен состав, има уште фурни леб да јаде за да го испече занаетот, па затоа внимателно го слуша “Лудакот“. Инаку видеово е пред година и кусур, ама фино е да се види желбата на едниот да слуша, а другиот да пренесе.

Добија пенал во 2-ра минута, голманот им одбрани по суфлирање

Иран влезе во четвртфиналето на Азискиот Куп на нации откако со 2-0 го победи Оман. Интересно, мечот само што почна а Оманците добија пенал кој голманот на Иран Алиреза го одбрани откако Сердар Азмун му кажуваше каде да се фрли.

Голманишта на колото

Низа јаки, многу јаки голмански интервенции се за издвојување од колово во кое се истакнаа чуварите на головите на Сент Етјен, Лион, Атлетико Мадрид и Лацио. Која од која поубави одбрани.

Победа против Чиле за крај на мундијалските настапи

Македонската ракометна репрезентација ја оправда фаворитската улога против Чиле и со тоа го завршува Светското во Германија и Данска на 15-то место, исто како во Франција пред две години.

Со ваква одбрана не се победува Русија

Македонската ракометна репрезентација го запишува и четвртиот пораз во низа на СП 2019. Русија ја казни слабата борбеност на нашите ракометари кои играа многу млако во одбрана. Митревски беше одличен со 15 интервенции, но Киреев блесна со 19.

Кире го изремети рускиот голман од пенал

Во оваа лоша серија од четири порази во низа на Мундијалот во Германија и Данска, како и секогаш наша најсветла точка е Кире Лазаров. Погледнете што му направи капитенот на рускиот голман од пенал. Лоб за сите пари, ама со другата рака. МАЈСТОРИШТЕ.

Трката на таткото и синот со 5 милиони прегледи

Трка на денот, сеир на денот или татко на денот? Треба да го заобиколат теренот и потоа тој ќе што стаса прв дава гол. Таткото има голема предност и стигнува до целта, но...Инаку да, 5 милиони прегледи има видеово.

Коментар на денот

Не дека насловов е саглам, ама овој што искоментирал е како да ви кажеме :).

Роналдиња

Си биле братче и сестриче. Се пробале еден на еден. Сестричево има 5-ка по физичко без да полага до прво до осмо. За нејзе топката е книга.

Два милиони евра стојат на патот на Ристовски од Спортинг во Лацио

Не сме нешто многу по шпекулациите за трансфери кои кај нас на сајт може да ги прочитате скоро ич, ама ајде да видиме што има на тема Стефан Ристовски во Лацио. За неговиот трансфер во Рим, италијански печат пишуваше денес, пред три дена, а и пред две и пол години.

Дембеле го шекна и Барди и другарите

Барселона синоќа го совлада Леванте со 3:0 и го елиминираше од Копа дел Реј. Играч на мечот беше Осман Дембеле кој беше двоен стрелец. Но баталете му ги головите, бидејќи не се ништо посебно и пазате што им направи на Барди и уште двајца.

Слабиот ростер и тешката група си го направија своето

Едни плукаат по Филип Лазаров, други по Талески, трети по Раул дека е со мислите во Париз. На крајот секогаш сите се селектори, а најблиску до тоа е сепак (и може да биде) капитенот кој убаво потсети на две важни, можеби најважни работи: Имавме тешка ждрепка и ни фалеа искусните играчи.

Голот на Манасков кроз уши вреди да се види уште еднаш

„Живееме“, рече коментаторот кога Дејан Манасков намали на -1, но 40 секунди беа премалку за до крајот да постигнеме уште два, а да не примиме ниту еден од Исланд. Сепак “не преживеавме“, штета, но ќе се гордееме и ќе се навраќаме и на цепелините и на ваквите ремек дела од мртов агол.

Толку беше од Светското

Македонската ракометна репрезентација го загуби и третиот меч во групата на Мундијалот во Германија и Данска, а тоа значи разигрување за пласман меѓу 13-то и 16-то место, што нема да биде задоволително за момците на Раул Гонзалес.

Одличен гест на Хуан Мата

На сите клупски обврски со тренинзи, карантини и натпревари во згуснатиот распоред на англискиот фудбал, Шпанецот им посвети време на деца кои цел живот ќе ја паметат и раскажуваат оваа средба со него.

Што рака ќе имаше голманов на Иран

Алиреза Бејранванд, голманот на Иран има фасцинантна животна приказна. Неговата способност да фрла топка како каменче се должи на тоа што како мал бил добар во Дал Паран - традиционална иранска игра во која победува тој што ќе фрли камен најдалеку. Чесно е да се каже дека тоа многу му помогнало.

Од 400 гола во Ла Лига, Меси откри кој му е најубав

31-годишниот Лионел против Еибар го постигна јубилејниот 400. гол на 435 меча во Ла Лига. Во разговор за Mundo Deportivo откри кој му е најдраг.

Сеќавање на маестралниот гол на Ѕола за Челси

Џанфранко Ѕола на 35 години, на 16 јануари 2002-ра постигна легендарен гол против Норвич. Италијанецот, кој денес е помошен тренер во Челси, со „Сините“ како играч освои два ФА Купа, еден Лига Куп, еден Супер Куп, Куп на УЕФА и Супер Куп на УЕФА.

Доказ зошто тренерот на Лидс, Биелса го викаат „Лудакот“

По 27 одиграни кола во едно од најтврдите првенства на светот, Лидс Јунајтед е прв со 16 победи, 6 нерешени и 5 порази. Тимот во кој број 10 носи нашиот Алиоски има врвен тренер со богато фудбалско минато.

Фејсбук челинџот на Рома, Тотенхем, Ливерпул и Вардар

Деновиве популарно на Фејсбук е да ставиш слика од тоа како си изгледал во 2009-та и една од 2019-та и да го пишеш хаштагот #10YearChallenge. Ајде и ние да бидеме популарни и да видиме што има на таа тема на спортски план.