Во натпревар чиј победник се знаеше уште на полувреме, кошаркарите на Хјустон најдоа одлична мотивација во високо темпо да го доиграат мечот: ловеа нов рекорд во постигнати тројки во НБА.
Клуот од Тексас во првиот дел од мечот постигна 77 поени што е најмногу сезонава за една франшиза, а потоа се луксузираа во шутот од далечина.
На крај постигнаа вкупно 149 коша што е исто највисок број на дадени поени сезонава.
Водачот на „бандата“ од Тексас, Џејмс Харден постигна 30 поени, имаше 13 скока и 9 асистенции пред да го седнат на клупа цела последна четвртина (како што и беше случај на претходните три меча кога веќе се знаеше дека одат во плејоф сигурно).
„Брадата“ го оствари својот петти трипл-дабл сезонава и му се приближи на неприкосновениот Ерик Гордон кој имаше дури 8 трип-дабл изданија. ПЏ Такер е играч со четири вакви изданија, а Дануел Хаус има три трипл-дабл подвизи.
Хјустон уште на крајот на третата четвртина стигна до бројот од 24 уфрлени тројки (претходниот рекорд го востановија во декември 2018 година против Вашингтон), односно на две помалку од рекордот кој го испишаа против Сакраменто Кингс пред некој ден и 3 тројки помалку од 27 - број на тројки кој никој никогаш во НБА не го достигнал на еден меч од регуларната сезона.
Публиката бараше од резервите на Рокетс, во ситуација кога првотимците се чуваа од незгодни ситуации и повреди на клупата, да продолжат во исто темпо и да „фрлаат“ од далечина за да се постави нов рекорд.
With @AustinRivers25's 3-Point Shot, the #Rockets just BROKE their own #NBA Record with TWENTY-SEVEN 3-Pointers made in a game! 🚀#LegendaryMoments | @budweiserusa pic.twitter.com/vJRTy3xQAq
— Houston Rockets (@HoustonRockets) April 8, 2019
На 65 секунди до крајот од мечот, Остин Риверс погоди тројка и се потпиша под рекордот. Риверс беше еден од седуммината двоцифрени играчи кај Хјустон.