Пеп Гвардиола веќе една декада води само гиганти на европскиот и светски фудбал. Беше тренер на Барселона (2008-2012), па на Баерн Минхен (2013-2016) и сега веќе трена сезона го води Манчестер Сити.
Излезе една статистика, скроз неочекувана за тоа како му оди на гости во ЛШ. Од сезоната 2011/2012, замислете овој врвен стратег, тренер на врвни клубови има само 3 победи на последните 15 гостувања во нокаут фазата од најелитното клупско натпреварување.
Победите му се против Шалке и Базел како тренер на Сити и против Арсенал кога ги водеше Баварците.
А што да каже Порто кој сега е на маки да анулира пораз од 2:0 на реваншот против Ливерпул?
Оваа екипа има 20 гостувања против Англиски екипи, а скорот им е целосен ужас: 17 порази и 3 нерешени средби или гол разлика од 10 дадени и дури 51 примен гол.
Тоа се тие статистики и традиции кои очигледно не се рушат така лесно.