Група на деца играат фудбал пред зграда. Денот изгледа како и сите други, но наеднаш едно од децата ја удира силно топката и несакајќи гаѓа дете на точак кое паѓа и ја повредува ногата.
Таткото на детето се наоѓа во близина и трча да му помогне. Децата од страв сакаат да избегаат, но одлучуваат да останат. Во истиот момент случајно поминува свештеник кој ја гледа гужвата и сака да помогне.
Прво што рекол за малиот кој паднал од точак биле следниве зборови: „Ќе стане голем фудбалер“.
Пророштвото се покажало повеќе од точно, бидејќи детето кое паднало од точак поради удар од топка се вика Блез Матуиди.
Денеска тој е фудбалер на Јувентус со кој лани, а и годинава ќе ја освои титулата во Италија, а минатата година стана и светски првак со Франција.
Се работи за оние тивки и скриени, но врвни играчи сакани од секој тренер. Не случајно е од фундаментално значење за Алегри и не случајно Анчелоти можеше без секој во ПСЖ, ама не и без него на терен.
Играч од среден ред кој поминува километри и километри, секогаш подготвен да им пружи рака на колегите и во напад и во одбрана.
Фудбалер кој игра секогаш со леснотија и кој лекцијата ја научил како млад. Еднаш се повредил откако сакал да се истакне со петица и затоа сега вели:
„Така научив да го правам она што сега знам да го прават, а тоа е да стигам и крадам топки, како и да додавам на едноставен начин“.
Како што игра, така и се изразува. Едноставно и со лестонија. Среќен 31 роденден Матуиди.
Погледнете го кутриот како се збуни на улица во Париз пред да дознае дека на мотор е Мамаду Сако со кој се колеги од репрезентација.