Ако пред оваа сезона случајно се прашувавте и не знаевте што прави и каде е Санти Казорла, ќе ве потсетиме дека поради тешка повреда немаше одиграно ниту еден натпревар 636 дена. Затоа во сезоната 2016/2017 имаше 8, а следната 0 настапи за Арсенал.
Казорла е жив малер кој мораше да прави 10 операции. Имаше тешка повреда на тетивата и откако оваа сезона направи кам бек во Виљареал прво тренираше со младинскиот тим на Алавес, а потоа со Виљареал.
Мачно и долго беше неговото опоравување и враќање во потребната форма за да се појави и да докаже одново дека го бива за во Ла Лига. Прво заигра на пријателска против Херкулес и тоа во 57-ма минута. Доби силни аплаузи и дури на 9 август 2018-ма беше официјално соопштен неговиот потпис за Виљареал.
За него ова е всушност негов втор кам бек во клубот каде ја почна кариерата во 2003-та. Играше за „Жолтата подморница“ до 2006-та, а вториот пат од 2007-ма до 2011-та.
Сега му е најтешко бидејќи Виљареал е зоната на испаѓање на 18-ма позиција и има ист број бодови со Ваљадолид, а во последно време многу ги бие малер со резултатите. Водеа 0:2 со Селта и на крај изгубија. Потоа од 1:2 на Барса и направија 4:2 и на крај освоија само бод, а синоќа беа поразени од Бетис 2:1.
Villarreal’s last three games:
— Sid Lowe (@sidlowe) April 7, 2019
Winning 2-0, lose 3-2.
Winning 4-2, draw 4-4
Losing 2-1, miss penalty.
Gulp.
Казорла не може да си прости бидејќи во 89-та промаши пенал. Погледнете ја оваа тага и плач за клубот на кој од срце сака да му помогне.
Santi Cazorla crying because he missed a penalty in the final minutes of the match vs Betis, hence putting Villarreal in the relegation zone.
— P™ (@Cechque) April 8, 2019
Last thing I wanted to see today 😫😫pic.twitter.com/6CsADT0MDR
Но и покрај тоа што има 34 години, а се врати во многу тежок период на рехабилитација по кој други би се откажале на тие години, сепак искуството и знаењето на Казорла сезонава се од голем придонес за Виљареал.
Им даде два гола на Реал со кој одиграа 2:2.
А одличен беше и на дуелот со Барса.
FT Santi Cazorla v Barcelona
— Stats Zone ⚽️ (@StatsZone) April 2, 2019
- 44/49 passes completed
- 8 (EIGHT) chances created, five from open play
- 1 assist
/cc @sidlowe
Download the app: https://t.co/srHNzUU41q pic.twitter.com/bDh6Q3iEb7
Погледнете ја асистенцијата до Бака за 4:2 на 3:05.
Santi Cazorla vs Barcelona (H) 18/19
— ٍ (@GranitZaka) April 2, 2019
35 years of age showing class us permanent pic.twitter.com/31xmeLMDbB
На тетивата на Казорла му пресадија кожа и на ногата му го ставија оној дел од кожата на раката каде што го имаше истетовирано името на ќерка му. Сега тетоважата му е разделена на два екстремитети.
Photo: The skin graft from Santi Cazorla's arm with his daughter's name tattooed that was used for surgery on his Achilles. [@marca] #afc pic.twitter.com/kJpzBeg8n7
— afcstuff (@afcstuff) November 3, 2017
Инаку ќерка му се вика Индија, а па едно од трите кучиња го крсти Златан за кој не треба дополнително објаснување кој е.