Offside

Иронијата на судбината сакаше првиот меч на Манчестер Сити после пресудата на судот дека се виновни по сите 114 точки од обвиненијата, да биде токму против Ливерпул. На „Енфилд Роуд“ се одигра големото дерби кое мина во знакот на паролите од двете страни. Гостите убедливо славеа 0-3.

Нова мајсторија и преубав гол на Иниеста во Јапонија

Висел Кобе со високи 5-3 ја совлада Нагоја во јапонското фудбалско првенство. По два комада дадоа Давид Виља и Иниеста, а овој вториот постигна гол со што ја збогати колекцијата убави моменти од неговиот престој во Јапонија.

Одбранет пенал и луда мексиканска радост

Мексико играше против Костарика во четвртфиналето на Голд Купот и после 90 минути и продолженија резултатот беше 1-1. Мексиканскиот голман Гиљермо Очоа го одбрани последниот удар од серијата на Кејшер Фулер и славјето за полуфинале можеше да почне.

Вакви пенали немало порано во маало

Треба да си многу добар, многу храбар и модерен за да ја изведеш вака, инаку како деца се знаело како, шпицот најсилно што можеш.

Како се расонува Френки де Јонг

Измеѓу така напорна сезона во која стана шампион во Холандија и финалист во ЛШ, а му следува предизвик наречен Барселона, засилувањето на Камп Ноу од 75 милиони евра вака се буди на Сејшелските острови.

Македонија доби лесна група на ЕП 2020

Македонската ракометна репрезентација ги дозна противниците за Европското ракометно првенство со кои во јануари следната година ќе се соочи во Виена.

Си биле 10 спортисти и заработиле 940 милиони долари за една година

Богатството на најплатените спортисти во светот отиде до бескрај и веќе нема граници кој колку пари прави, било да е од плата каде што работи или од реклами. Не за џабе старите трубат дека порано се играло од ќеиф.

22 години од легендарната битка кога Тајсон го гризна Холифилд за уво

На 28 јуни 1997 година во Лас Вегас се одржа легендарниот дуел меѓу Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд, кога „железниот Мајк“ му откина дел од увото на противникот. Ова се смета за еден од најжестоките моменти во историјата на боксот.

Милан и официјално нема да игра во Лига Европа

Иако им следуваше како петтопласирани, сепак пристигна конечна одлука седумкратниот европски првак да не биде дел од европската сцена следната сезона.

Гасете нетот, голман се врати на гол со мотор

Небитно што ова е некоја маалска собиранка, идејата е тотално откачена. Истрча на корнер да им помогне на колегите и потоа најде превоз за да се врати назад со време. Голманска лудост број 1 на планетава.

Што вели искрено дете за играчите на Ман.Јунајтед

Нема тука фарбање и глумење куртоазија. Детево е скроз искрено па и реално со оглед на тоа каков статус имаат и колку пари лапаат, а што остваруваат ѕвездите на овој славен клуб кој губи од Хадерсфилд.

Сјајната исповед на Кулибали, најбараниот стопер на денешнциата

Својот фудбалски и животен пат Калиду Кулибали го раскажа за реномираниот The Players’ Tribune за кого своите кариери ги раскажаа најголемите фудбалски и општо спортски ѕвезди.

Имате ли ваква будала во друштво?

Се собрало едно друштво да плеша фудбал на вештачка трева. Едниве грешат додавање на средина терен, се вртат позади и кај другиве го гледаат Марко ван Бастен.

Многу јака промоција на новиот дрес на Арсенал

Со одење на бербер, со типичен лондонски доручек, со акцент на тоа кој владее со северен Лондон итн. Во промотивното видео се сите ѕвезди на „топџиите“, од Озил и Обамејанг, до Лаказет и Алекс Ивоби.

Премијата татко на годината дајте му ја на господинов

Толку ѝ го тера ќејфот што со сигурност ја заслужува наградата најдобар татко на годината. Трпение, разбирање и љубов. Браво царе!

Кога ќе те прашаат кој ти е најомилен кошаркар на сите времиња

Ваква одбрана не играше ни Тајрон Лу кога не му даде на Ајверсон да мрдне во финалето на НБА пред неколку сезони. Ова е одбрана што секој кошаркарски тренер треба да ја простудира.

Ја испука како од топ

Не бе на бек кога ќе му легне, легната е, плус малце му тапкаше и одеше накај него, најтаман посакувана топка. Шведската втора лига дефинитивно го има голот на сезоната.

Кога РК Вардар е во прашање сè e можно и следна сезона

Во период кога е троа суво со спортски настапи и хит се трансферите, Хрватите пишуваат за новиот лик на европскиот ракометен првак кој го крчка составот за следната сезона.

Во ’90-те, лисици мочале на тревата на Вимблдон и ја упропастувале

Помалку од една недела останува до почетокот на Вимблдон - најстариот и најпрестижниот турнир на планетата. А денес, овој крал на Гренд слемите е еден од ретките турнири кои се игра на трева.

Навивачите на Ајнтрахт Франкфурт се надминаа себе си

Ги фалевме цела сезона, бидејќи одеа во ненормална бројка на секое гостување и грмеа на секој стадион во Европа како да се домаќини. Новата сезона нема абер да почне, не знаат дали сигурно ќе играат на меѓународна сцена, ама карта не оставија ниту за лек.

Вардар и Еурофарм ги дознаа ривалите во Лига на шампиони

На помалку од четири недели по епскиот успех на Вардар кој направи чудо и по втор пат ја освои Лигата на шампионите, попладнево во седиштето на ЕХФ во Виена се извлече ждрепката за групната фаза за новата сезона.

Ненормален потег на 47-годишниот Зидан

Додека уште им трае летниот одмор во Реал Мадрид, Зизу искористил да скокне до Ла Кастелане (реон кај Марсеј) во кој Зидан почнал да игра фудбал како мал. А и повтори една финта што ја правел како мал.

Ако аматерски тим го има Пеп Гвардиола за тренер

Фудбалски клуб Вортинг, англиско фудбалско подземје. Играат на прва ко Барса, гајле немаат. Фудбал за око, игра лепршава ко Сити на Етихад.

Кога ќе тргне наопаку, тргнато е

Куп на Литванија: Шеулеи против Паневежис. Гостите победиле 1-6 а единствениот гол што го примиле бил по нивна грешка.

Пирло + Баџо = боли глава

Андреа тука има 22 години, Роберто 34, а дуелот е Јуве - Бреша одигран на Деле Алпи во 2001-ва година. Заврши 1:1, затоа што овие двајца велемајстори така сакаат. Каков е бре тој прием и дриблинг после таа асистенција. Брилијантно.