Offside

Иронијата на судбината сакаше првиот меч на Манчестер Сити после пресудата на судот дека се виновни по сите 114 точки од обвиненијата, да биде токму против Ливерпул. На „Енфилд Роуд“ се одигра големото дерби кое мина во знакот на паролите од двете страни. Гостите убедливо славеа 0-3.

Бек на колото - оди па земи ја топката

Штета е ваков талент да ги нема сите услови за да ја развие својата дарба. Градење топка оценка 10. Преглед на игра исто 10. Најдобриот дефанзивец ни доаѓа од Гоа, Индија.

Проклетата 93-та минута на Италија

Спортскиот времеплов на денешниот датум 2 јули не однесе на едно финале кое како вчера да беше, а тоа да ти поминале 19 години. ЕП 2000 во Холандија и Белгија. Убави фудбалски времиња, море преубави.

Кога чичко Недвед ќе те прошета по клупскиот музеј

Во 2003 година Павел Недвед ја доби Златната топка која што УЕФА ја доделува за најдобриот фудбалер на годината. Чехот играше неверојатен фудбал и со право беше избран за број еден играч на континентот. Денес после промоцијата, новото засилување на Јувентус Рабио шетал низ музејот и застанал до златната топка па го прашал Павел дали е вистинска?

Ќе ве чекам ја пола саат стап да барате

Како деца баравме стап или камен за да ја решиме оваа проблематична ситуација, со тоа што ризикот со камен беше голем да не ти се врати во глава. Исто и друга топка беше во игра, ама па знаеше и таа да се закачи :).

Падна поенот на турнирот, уште во прво коло на Вимблдон

Пабло Куевас vs Дамир Џумхур 3:2 во прво коло на Вимблдон. Босанецот во еден момент го лобуваше Уругваецот доста искусно за сигурен поен. Арно ама Куевас во тој момент реши да се претвори во Федерер.

Рекламата за Пума и Ла Лига ко да ја снимал боливудски режисер

Марката Пума и шпанската Ла Лига ја промовираа новата фудбалска топка со која ќе се игра шпанскиот фудбал во новата сезона. Ама промотивната кампања беше крвава.

Вероника Рабио - најпознатата мајка менаџер во светот на фудбалот

Летово Јувентус е најактивен играч на трансфер пазарот. Клубот го смени тренерот, потпиша со Арон Рамзи, со левиот бек на Рома Лука Пелегрини и со одличниот Адриен Рабио. Наскоро во клубот би можел да дојде и ултра талентираниот штопер Де Лихт.

Како Мурињо си го даде прекарот „The special one“

Никој не знаеше што мустра е се додека не се отвори во Премиер лигата. Дојде во Челси како ептен изненадувачки европски првак со Порто и уште на неговата промоција почнаа циркузите. Поминаа точно 15 години откако сам за себе си кажа дека е таков каков што е и сега.

Во Јуве тренер не носел тренерка уште од времето на Липи, Сари ќе го менува тоа

На промоцијата во Јувентус, Маурицио Сари очекувано дојде костумосан во одело и вратоврска, што за момент значеше промена на сопствените принципи на тренерот кој пак ќе се врати на своето.

Двајца маратонци се договараат кој да победи

И двајцата стигнаа на целта, ама проблемот е што само еден може да биде прв. Ајде тогаш за да нема љутиш одиме со игра од детството : Лист, камен, ножички.

Прејака Твитер кампања на Рома

Ако некој Твитер профил се разликува драстично кај фудбалските клубови, тоа дефинитивно е оној на Рома. Ги бива за хумор, правење спрдњи, ама и за доста сериозни теми, како оваа што ја почнаа летово.

Ако ви фали играч, ќе дојдам

Српскиот претседател Александар Вучиќ во текот на својата кампања по земјата, посетува сали и фудбалски терени, каде пробува да покаже колку знае со топка.

Факт на денот

Шест годишниот договор на Дејвид Мојс со Манчестер Јунајтед истекува денеска. Арно ама тој беше отпуштен пред 5 години, 2 месеци и 8 дена. Полоша замена за Фергусон ни на биоскоп. Грев.

Денот кога во Мадрид се промени историјата

На 1 јули 2009-та стартуваше ерата на Бернабеу наречена Кристијано Роналдо. 10 години подоцна во најкуси бројки таа може да се раскаже вака: 438 натпревари, 450 гола, 15 трофеи, 4 Златни топки, 1 легенда.

Му го испи мозокот и го избрка од сала

И првото од насловот е точно и второто, плус дуелот е белец против црнец, а го губи црнецот.

Видео од заедничките денови на Нејмар и Суарез во Барса

Луис го промаши клучниот пенал во четвртфиналето на Копа Америка меѓу Уругвај и Чиле и плачеше по крајот од мечот. Нејмар во меѓувреме јавно го поддржа со порака, а сè погласно се зборува дека Бразилецот ќе се врати на Камп Ноу од ПСЖ. Ама кој да знае...

Англиско македонски појадок во Лондон со Офсајд

Читател ни прати фотка од Лондон по која и по веќе изеден мрсен пица бурек утринава, ова сега би го јаделе за ручек.

Како Бенатиа им го оствари сонот на деца од Мароко

Паралелно со Копа Америка, во Египет се одржува уште едно континентално натпреварување, Африкански Куп на Нации. Една од 24-те учесници е Мароко, но проблемот е што не можат сите во Мароко да ја следат својата земја.

Какви бисери има Шпанија која по петти пат е европски У21 шампион

Супер Европското младинско првенство за играчи до 21 година во Италија и Сан Марино заврши, а впечатоци има многу. Како што има и еден куп бисери.

Навикнати сме на чудни резултати 40:15, 30:40 во тенис, ама од каде потекнуваат?

Тешко дека постои човек што кога првпат во животот гледал тениски меч, од прва го сфатил броењето на поените. Толку е просто што е толку сложено.

Торес погоди од центарот, а даде и два гола со глава

На страна шутов од средина на терен и прекрасниот погодок кој за жал му го поништи судијата, Ел Нињо постигна два ефектни гола во триумфот на неговиот Саган Тосу против Шимицу С-Пулс.

Згодната бразилска судијка би можела да суди и на Светско

Фернанда Коломбо ја освои јавноста со сјајниот потег на вадење марамче додека сите чекаа жолт картон, а досетливоста не е единствена нејзина најголема предност.

Не е дека Рабио доаѓа бесплатно, Французинот ќе заработува само од Роналдо помалку

Јувентус секако важи за крал на бесплатните трансфери, бесплатни во смисла да не плати обештетување на последниот клуб за кој играл фудбалерот којшто доаѓа кај нив.

Манасков има втор најсилен шут во цел Веспрем

Унгарски Веспрем, кој мораше да се поклони пред Вардар во финалето на ЛШ, имаше сосема добра сезона зошто ја освои титулата во домашното првенство и играше финале на Куп. Од клубот твитнаа интересна листа на најсилни удари сезонава. Многу високо котира Деки Манасков.