Навикнати сме на чудни резултати 40:15, 30:40 во тенис, ама од каде потекнуваат?

Тешко дека постои човек што кога првпат во животот гледал тениски меч, од прва го сфатил броењето на поените. Толку е просто што е толку сложено.

Кога била уште мала, Били Џин Кинг првпат дошла на тренинг кај тренерот кој почнал да ѝ го објаснува системот на резултатот: „Прво оди 15, па 30...“ И тука нестрпливата ученичка рекла: „Па 45, така?“. А кога дознала дека следува 40, Кинг помислила: „Боже, што е толку чуден спортов?“

Еднаш за ваквото броење на поените го прашале Андре Агаси кој одговорил: „Тоа го смислиле за да ги разочараат тие што решиле да играат тенис“.

ОД КАДЕ ДОАЃА ВАКВОТО ЧУДНО БРОЕЊЕ?

Системот произлегол во средновековна Франција. Веројатно претходно за бодување користеле часовник поделен на четири дела. На тој начин со поместување на раката во кругот на часовникот 15, 30 и 40 се одредувал поен. Кога стигнувала до 60, гејмот бил завршен.

За да се направи играта поинтересна, и да се избегне освојување поен со еден разлика, се појавил deuce (џус - нерешено). Самиот збор deuce на француски значи два. Кога двајцата играчи освојувале по три поени, за победа требало еден да ги добие следните два.

Легендарната Били Џин Кинг тврдела дека тенисот можел да стане многу попопуларен, доколку новите гледачи лесно би го сфаќале резултатот. Затоа во тениската лига World TeamTennis, во чија организација Били Кинг одиграла клучна улога, почнал да се користи првичниот систем 15, 30, 40, наместо 1, 2, 3.

Среќа што не решиле да земат пример од бејзболот.

1 јули 2019 - 11:49