Маурицио Сари на пресот кога беше претставен за нов тренер на Јувентус го прашале за стилот, а тој рекол: „Облеката за време на натпреварите? Ќе разговараме со клубот. Уште не сме го разгледале тоа. Најважно е да не бидам гол, не на овие години“, се насмеал Сари.
Пред стартот на сезоната уште не се знае дали Сари ќе го менува имиџот или ќе си остане на своето со тренерки и капче.
САРИ НИКОГАШ НЕ НОСЕЛ ОДЕЛА НА МЕЧЕВИТЕ
Прес-конференцијата за промоција на Сари беше иста како и таа во Челси, во класичен костим. Во Наполи претходно Маурицио се запознал со екипата со панталони и маичка, а пред новинарите се појавил во клупската спортска опрема.
Маурицио Сари за цели три години во Наполи само еднаш облекол одело - во декември 2017 година за време на роденденска вечера.
„Тоа беше мајтап од претседателот. Краватата сам си ја врзав. Знам да го правам тоа иако изгледам неспастрен“.
Но за тоа како врзува вратоврски никој не знае, зошто Сари никогаш во својата кариера на терен не се појавил во одело.
Спортскиот дрес-код станал неотуѓив дел од неговиот стил, исто како и цигарите по кои е препознатлив. Но тој вели дека за време на натпреварите му се палело цигара, но дека комфорот му е најважен. Причина за ваквиот лежерен начин на облекување не е во некакво суеверие, како што претпоставуваа новинарите (Маурицио е многу суеверен), туку така му е поудобно.
„Не ми се допаѓа кога на човек му судат по облеката, а не по тоа каков е навистина. Јас носам спортска облека, зошто мојата работа е тоа - спорт. Глупаво ми е да се облекуваш за натпреварите како за на свадба. Ако треба некаде да го претставувам клубот - повелете, но не за време на дуелите“, вели Сари.
Според него, претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис редовно правел зафрканции со него, но никогаш не му наложил да се облекува поинаку. Пред преминот во Јувентус, Сари даде големо интервју за Vanity Fair, каде ја објасни својата позиција:
„Носам спортска гардероба, зошто ми е покомотно. Работам на теренот. Не разбирам зошто морам да се облекувам поинаку. Од управите на сите клубови секогаш ме поддржуваа. Но ако некој клуб побара од мене да се облекувам поразлично, ќе ја прифатам одлуката. Но многу ме нервираат тренерите на младинските категории кои носат костуми и кравати на мали стадиончиња“.
Но еднаш имал проблем поради неговиот стил на облекување. Љубовта кон спортската облека во сезоната 2016/2017 на мечот со Милан го чинеше исклучување. Тој се прашувал како неговиот начн на облекување сметал некому: „Просто го прашав судијата што кој ѓавол прави? Никого не загрозив. Секако, полесно е да избркаш тренер во спортска облека, отколку во одело со кравата“.
Познатиот стилист Енцо Мичо во овој начин на облекување на Сари гледа и психолошки момент: „Мислам дека тој се облекува така за да ѝ покаже на екипата блискост, дека е близок со нив и дека се става на исто ниво со фудбалерите“.
АЛЕГРИ СМЕТАЛ ДЕКА ТРЕНЕРИТЕ КОИ СЕ НОСАТ СПОРТСКИ ТРЕБА ДА СЕ КАЗНУВААТ
Претходниот тренер на Јувентус, трофејниот Масимилијано Алегри е сушта спортивност. Најпознатата водителка во италијанскиот фудбал, Дилета Леота го нарече Макс најстилизираниот тренер во Серија А.
А самиот Алегри во интервју за Vanity Fair во 2013-та година жестоко удри по колегите што доаѓаат по шорцеви на натпревари за викенд: „Би ги казнувал тренерите кои доаѓаат на дуелите во спортска облека. Ти го претставуваш клубот, не смее така да се појавуваш“, рекол Алегри.
Но интересно е што на ваквиот став на Алегри многу влијаел некогашниот претседател на Милан Силвио Берлускони, зошто во Каљари претходно Алегри знаел да се појави и во тренерки, па подоцна преминал во класичен режим.
Берлускони секогаш многу пазел на тоа како изгледаат фудбалерите и тренерите. Никогаш, па ни сега како прв човек на Монца, не дозволувал играчите да имаат фризури ирокези и четки во боја, а од Алегри во Милан барал на прес-конференција секогаш да е избричен.
Во Јувентус Алегри не го смени својот стил. Класични одела секогаш носел и Антонио Конте кој скоро признал дека покомотно му е во маици и фармерки.
„Во Челси требаше да покажам дека сум Италијанец, па носев одела и кравати на натпреварите за да демонстрирам колку нам Италијанците ни е важно да бидеме елегантни“.
Од Јувентус досега никој од управата на клубот официјално не зборувал како тренерот мора да се облекува. Но во спортска облека, тренерки и маички на клупата на Јувентус седеа и Марчело Липи и Карло Анчелоти.
ВО ИТАЛИЈА НЕ ОСТАНАЛ ТРЕНЕР СПОРТСКИ ДА СЕ ОБЛЕКУВА
Во 2009 година новинарот на Gazzettea dello Sport Луиџи Гарландо обрнал внимание дека од сите тренери во Серија А, во спортска облека на теренот стои само Гасперини.
„Гасперини не се срами што неодамна тренирал деца и младинци. Тој не се откажува од минатото. Џан Пјеро носи спортска облека како и илјада други тренери аматери. Тој е емотивен и не сака да го менува својот стил“.
10 години подоцна Гасперини ја внесе Аталанта во Лига на шампиони во класично одело.
Минатата сезона во Италија работеа 30 тренери. Од нив само четворица одвреме навреме менувале класика за спортска облека: Клаудио Раниери, Игор Тудор, Иван Јуриќ и Аурелио Андреацоли. И само еден кој секогаш остана во тренерки - Марко Џампаоло, довчерашниот тренер на Сампдорија кој го презеде Милан и ќе проба да го врати на старите слази на успехот.
Ќе стане ли и Сари како тренер на Јуве еден од многуте кој морал под принуда да се стега во одело? Има и такви кои се спремни да му помогнат. На пример италијанскиот дизајнер Алесандро Марторана навива за Јувентус и соработува со Џорџо Кјелини, Марко Бориело, Андреа Пирло, Дел Пјеро, Маркизио, Леброн Џејмс, Лапо Елкан, Џад Лоу, Енди Гарсија и Џо Пеши.
Тој јавно изразил желба да поработи на стилот на Маурицио.
После презентацијата на Сари во Торино, Марторана напишал на Твитер: „Мистер Сари, ве чекам вас во моето ателје во Торино или Милано“.