Off Topic

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Во приватните медиуми толпата таму нема што да бара. Никаква правда „по кратка постапка“! Ако дозволите да завладее бран на јакобински бес – сетете се само на Француската револуција – на крајот ќе завршите така што ќе се свртите едни против други и меѓусебно ќе си кинете глави. 

Се моли вештачката интелигенција АПЛА да ни попушта

Некој со помош на вештачка интелигенција креирал слатко детенце со кринџ фалби за Македонија (сонцето грее, планините се убави...). Иако АПЛА се гледа дека ни дете постои ни бутур, наш народ почнува да му зборува, да го фали, советува.... Што правиме ние со вакви луѓе?? Утре некој ќе им направи ВИ видео од Исус и ќе ги убеди дека можат да одат по вода. Еден господ нека е на помош.

И државата има апликација

Гледам дека има доста недоумици, ама ко што сфаќам јас, еве за кои работи може, а за кои не може да се користи дигиталната лична карта/возачка дозвола преку m.Uslugi.

Денот на еден пилот

Видео дневник на еден пилот на патнички авион кој треба да однесе „роба“ до Швајцарија. Кај све не отиде, што све не успеа да направи. А ви се жалите дека со вашата работа не ви останува време за ништо. Ние може само да замислуваме што сè овој човек прави кога лета за Патаја.

Лесно е човек да ја засака Македонија и да ги разбере Македонците

Пар рефлексии на познатиот хрватски спортски новинар и поткастер Марко Петрак (5Rak) од посетата на Скопје. 1) Ако сакате да се најадете одлично и евтино, дојдете во Скопје, и ресторантската и фаст фуд храната им се најдобри. 2) Во Скопје сè е живо и работи. 3) За Македонците: Срчани се и најмногу ги мразат Бугарите и Грците. 

Има ли вистина после УСАИД?

Вистиномер повторно храбро се фатија во костец со уште едно од најгорливите прашања на нашето секојдневие: на кој јазик биле напишани Илијада и Одисеја. Не го нашле тие тоа на дебата во МАНУ, конференција на историчари или лингвисти или школски учебник. На Фејсбук (?!) нашле некоја си објава дека биле напишани на македонски па решиле да нè спасат од заблудата (која немаше ни да ја знаеме да не беа тие). 

Само да не фати кладилници кога ќе порасне

Малиот се вика Габриел и веќе е планетарно познат на мрежите по својата неверојатна надареност да ја изгуби секоја игра во која учествува. Неговите прават наградни игри со детски поклончиња за него и другите деца од маало а нашиов е апсолутен баксуз во секоја нив и успева да го извлече она што е најшакрт. Габриел не поднесува лесно пораз, ама, се навикнува.

 

Тешко дека денес ќе чуете подобра вест

Авторите од Вајркатер на Њујорк тајмс, луѓе кои се смараат со правење листи на секакви производи, нивно тестирање и рангирање, стигнале до заклучок, и стојат зад него, дека садовите пред ставање во машина не треба да се гланцаат, туку само да се испразнат, бидејќи на детергентот му треба нешто валкано за да се фати.

Кустурица: Светот не е исполнет само со манијаци и убијци

Многу е тешко да не се подлегне на песимизам кога човек опишува или се обидува да заклучи што се случува. Од Јувел Харари, Клаус Шваб, политиката што ја води нашата влада, руската влада, политиката што ја водат Американците, човек многу лесно може да падне во депресија. А депресијата е крајната станица на нарцизмот.

Во потрага по другарите од војска

Митко Панов е наш човек, од Скопје, кој ја напушта татковината после отслужувањето на воениот рок во ЈНА. Цимнат од старите слики од војска, долги години подоцна, од Њујорк се враќа овде, за да ги лоцира и најде другарите од класата септември, 1981 година. Ако тоа не ви е тематски и генерациски блиско, баталете, ако е, документарниот филм „Јарани“ ќе ве наполни со емоции. Судбини, судбини, судбини....  

а

Исповед на еден среќен бивш новинар

„Да останев во новинарството, сега ќе бев умрен,“ вели Војислав Мацоко, кој има работено по хрватски портали, меѓу другото и во популарниот Индекс. Депресија, стрес, алкохол, постојано да ги слушаш истите луѓе како те лажат во лице... вели тој за машинеријата која меле луѓе а постојано треба да се храни. Како неговата приказна има хепиенд? Така што го напуштил новинарството и сега е помошник магационер.

Трамп има генијален слоган

„Ова е спот кој на Доналд Трамп може да му донесе победа на изборите“, провокативно напиша Њујорк Пост за спотот со наслов „Глупости“ кој извлекува непријатно изборно ветување на Камала Харис, дека операциите за промена на полот ќе им бидат достапни на сите затвореници (додаваат: и на илегални мигранти). Пазете го слоганот: „Камала е за they/them, Трамп е за тебе“.

Еве кај се парите

Она со експлодирањето на пајџерите и воки-токијата беше вонсериска креација на Израел во начинот на војување ама и ова не се зеза: декласифицирале документи само за да можат на луѓето од Либан да им кажат каде тоа Хезболах држи стотици милиони долари, во злато и кеш. Со мапа на локацијата, со 3Д цртање на подземниот објект, со сè. Пораката е јасна, одете им, земете им ги, ваши се.

Единственото прашање до НАТО за „опасноста од Кина“

„Колку земји има нападнато Кина во последните 40 години?“ Тоа е тоа. Може да терцира и прашањето: „А колку САД во истиот период?“ Ако тоа не е доволно за растерување на маглата, добар новинар (како овој) се префрла на базите: Кина има една воена база во странство, Америка има 750 бази во 80 земји. Сега некој надобуден факт-чекер ќе каже, не се 750, 749 се!

Зошто не се оставаат деца сами со татко

„Сè што таткото очекува од неговата домашна околина е да го стават некое време да дремне,“ викаше умниот Дејв Бери (види го неговото: 19 работи за кои ми требаа 50 години за да ги сфатам). А кога веќе не може да дремне бидејќи му оставиле дете/деца за чување, тогаш негово е да смисли како ситуацијата да биде забавна и урнебесна. Се разбира, за него.  

Има чичко полицаец решение и за мачето

Инсценирано, ама, инспирирано од реалноста. Запрен од полицаец а во желба да ја избегне казната, брадосан рмпалија зад воланот решава да се идентификува како мачка. За среќа, полицаецот не е глуп како во вицовите: бидејќи мачка не може да вози кола, тој предлага да повика служба за животни, па да го однесат овега во нивна Лајка, па газдата да плати за да го земе од таму. Откако мачето ќе биде вакцинирано. Мјау!

Абориџински пречек за кралот Чарлс

По завршувањето на говорот во австралискиот парламент, британскиот крал Чарлс мораше да сослуша и што има да му каже една сенаторка од абориџинско потекло. Главно, дека тој не е нејзин крал и да врати/ вратат сè што имаат украдено од земјата. Се вика Лидија Торп и кога стануваше сенаторка, одби да ѝ се заколне на верност на тогашната британска кралица Елизабета.

Не е виц, Бугарите направија кола, колата е виц

И тоа не било каков автомобил туку хипер-автомобил. И тоа не каде било туку во селото Туховишта. Мхм, баш таму е центарот на бугарската автомобилска индустрија, а Бугарите исто имаат чуено за местото колку и вие. За запознавање, името на колата е - Алиено.

Хабиб Нургадомедов против западниот банкарски систем

Согласно исламските канони по кои лихварењето е еден од најтешките гревови, се портретира како банките дополнително ги осиромашуваат сиромашните зголемувајќи го јазот меѓу луѓето и народите. Чаре? Да се напушти таа мрежа и да се влезе во Wahed, првата платформа за финансиски трансакции во САД која е во согласност со шеријатскиот закон а работи во уште 130 земји. Па после ќе видиме и со сечење раце како до кај сме.

Кој ви е тој Боб Дилан?

Кога Дилан имаше концерт во Скопје, некој на Блогерај (популарна блог платформа која ја развиваме во Он.нет) беше високоумно напишал: „Синоќа Дилан докажа дека не знае да пее“. Останавме подзинати од ваквите „Звезде Гранда“ критериуми, пошто тоа е како да кажеш дека оној Пикасо не знае асален портрет да нацрта. Но, тоа беше чедната 2010 година. Од тогаш работите многу се имаат сменето - погодувате - на полошо. 

После се лути кога го пукаат

Трамп засекува онаму каде што злотворите многу ги боли - војните по белиот свет со кои се одржува моќта и контролата. „Не се само Демократите, туку и Републиканците, лут сум им и на двете страни,“. Тврди дека да имаше паметни луѓе во Белата куќа, ќе немаше ни Украина ни 7 октомври.  „Ќе дигнеме некоја земја во воздух и ќе заминеме. Нема ништо освен куп мртви луѓе на двете страни.  Колку сме ние тоа глупави??“

Кога Бургер испадна Кинг

Во 2018 година, Бургер Кинг во достапност и блискост до муштериите е далеку позади МекДоналдс. Имаат 7.000 дуќани наспроти 14.000 локации на конкурентот. Не се стига тоа. Ама затоа им текнува генијална финта со следнава понуда: кога ќе се приближите до МекДоналдс на помалку од 200 метри, сетете се дека можете да добиете наш Вопер сендвич за само еден цент.

Како работат алгоритмите, од Јутјуб до Спотифај

Подкаст епизода во која Емануел Лациќ (има докторирано на системите за препораки) објаснува како алгоритмите се махери да ви го понудат она што вие и не све свесни дека ви се гледа, само за да ви искамчат уште малку време на плаформата (бидејќи вашето време е главниот капитал кои тие го уновчуваат). На ТикТок му се доволни пет секунди да одгледате нешто за да знае што да ви понуди подолу кога скролате.

Што ќе биде со Маск ако Трамп изгуби?

Такво директно прашање на Илон Маск му поставува Такер Карлсон. А и одговорот на Маск не може да биде подиректен. Не дека му е сè јасно. Не знае, на пример, на колку години робија ќе го стрпа машинеријата чија кукла е Камала Харис и дали некогаш ќе може да си ги види своите деца. Човекот оди на „ол ин“ како Заев, само што Маск се коцка со свои пари.

Амир Бешо кај Томи Емануел: Македонско девојче

Амир Бешо Лејзи е еден од помалку познатите бисери на старата сараевска рок школа. Има свирено во бендот на Тифа и пар други локални групи. За време на опсадата, како гитарист е дел од култната претстава „Коса“ на чии проби доаѓа директно од линијата на фронтот. Во една таква прилика, Лејзи бива речиси смртно погоден со гелер од граната во глава.

Рамбо Амадеус: после турбо-фолк доаѓа глем треш

После години успешно стилско сурфање низ Fusion, Funk, Jazz, Modern Classic, Rock, Rap, Poetry, Opera, Рамбо се враќа на своите самопуштени корени. Овојпат ни ја лансира следната генерација турбо фолк - глем треш обработка на неговата песна Урбано. Вештачката интелигенција здружена со природната интелигенција на човекот кој ги најавува трендовите. Кој па сега ова ќе го истрпи?

Империјата наречена Онлифанс

Огромна е тоа империја, и во пари и во број на луѓе кои гравитираат околу тие цицки и газови кои се основните ресурси на царството. Заработуваат повеќе од НБА, имаат двојно поголем буџет од Обединетите нации а најкутри се мажите. Оние хетеросексуалните.

80-тите ни се враќаат како кошмар на стероиди

Вештачката интелигенција почна да креира уверливи кошмари. Видео снимка од диско клуб од 80-тите години во која од прв до последен дискаџија е Гордон Ремзи во сите можни варијанти и верзии и полови, во многу модни изданија, со различни денс техники. Како дискотеките во осумдесетите да не беа доволно кошмарни и без него.

Има правилен начин како да се јаде шеќер

А тоа е после оброк, како десерт, никогаш наутро за појадок или општо на празен стомак, и сето ова е за количини - едно колаче и понекогаш. Така тврди француска биохемичарка, онлајн прославена како Божицата на гликозата.

Најџел Фараж: Нè прегазија албански кримоси

Албански криминалец кого сме протерале од Британија, се враќа илегално, затруднува Литванка и сега не му можеме ништо, поради Европската конвенција која му гарантира право на семеен живот. Друг Албанец кој бил депортиран два пати, сега се вози по Лондон со своето Ферари од 300.000 фунти. Ама, дечкото бара азил. Ако тоа не ве гневи, не знам што ве гневи, ги прашува Најџел Фараж своите сограѓани.