Кој ви е тој Боб Дилан?

Кога Дилан имаше концерт во Скопје, некој на Блогерај (популарна блог платформа која ја развиваме во Он.нет) беше високоумно напишал: „Синоќа Дилан докажа дека не знае да пее“. Останавме подзинати од ваквите „Звезде Гранда“ критериуми, пошто тоа е како да кажеш дека оној Пикасо не знае асален портрет да нацрта. Но, тоа беше чедната 2010 година. Од тогаш работите многу се имаат сменето - погодувате - на полошо. 

* Трејлер за филмот за Дилан - овде

16 октомври 2024 - 11:10