Off Topic

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Во приватните медиуми толпата таму нема што да бара. Никаква правда „по кратка постапка“! Ако дозволите да завладее бран на јакобински бес – сетете се само на Француската револуција – на крајот ќе завршите така што ќе се свртите едни против други и меѓусебно ќе си кинете глави. 

Се моли вештачката интелигенција АПЛА да ни попушта

Некој со помош на вештачка интелигенција креирал слатко детенце со кринџ фалби за Македонија (сонцето грее, планините се убави...). Иако АПЛА се гледа дека ни дете постои ни бутур, наш народ почнува да му зборува, да го фали, советува.... Што правиме ние со вакви луѓе?? Утре некој ќе им направи ВИ видео од Исус и ќе ги убеди дека можат да одат по вода. Еден господ нека е на помош.

И државата има апликација

Гледам дека има доста недоумици, ама ко што сфаќам јас, еве за кои работи може, а за кои не може да се користи дигиталната лична карта/возачка дозвола преку m.Uslugi.

Денот на еден пилот

Видео дневник на еден пилот на патнички авион кој треба да однесе „роба“ до Швајцарија. Кај све не отиде, што све не успеа да направи. А ви се жалите дека со вашата работа не ви останува време за ништо. Ние може само да замислуваме што сè овој човек прави кога лета за Патаја.

Лесно е човек да ја засака Македонија и да ги разбере Македонците

Пар рефлексии на познатиот хрватски спортски новинар и поткастер Марко Петрак (5Rak) од посетата на Скопје. 1) Ако сакате да се најадете одлично и евтино, дојдете во Скопје, и ресторантската и фаст фуд храната им се најдобри. 2) Во Скопје сè е живо и работи. 3) За Македонците: Срчани се и најмногу ги мразат Бугарите и Грците. 

Има ли вистина после УСАИД?

Вистиномер повторно храбро се фатија во костец со уште едно од најгорливите прашања на нашето секојдневие: на кој јазик биле напишани Илијада и Одисеја. Не го нашле тие тоа на дебата во МАНУ, конференција на историчари или лингвисти или школски учебник. На Фејсбук (?!) нашле некоја си објава дека биле напишани на македонски па решиле да нè спасат од заблудата (која немаше ни да ја знаеме да не беа тие). 

Исповед на покаен рок сноб

Можеби ви се превртува стомак кога ќе го видите Десингерица како ја мава публиката со патика и им ренда сирење на глава, но крајно неправедно би било за тоа да ги обвините Тозовац, Цуне Гојковиќ или Синан Сакиќ. Свесен сум дека мојот естетски вкус и избор не ме прават интелектуално посупериорен, поблагороден, попродуховен од оној што слуша народњаци.

Докторката со пациентите кои никогаш не се пожалиле

„Имам на свет донесено илјадници бебиња но последниве години се најсреќни во мојата кариера“, вели докторката која последните години работи на таканаречено „асистирано умирање“ односно еутаназија, која во Канада е легално. Притоа језиво се церека на секој аспект на „проблемот кој го решава“. А има решено преку 400 луѓе.  

Зад кулисите на BBC

Новинар свиркач од Би Би Си објаснува како во последно време функционира уредувачката политика која дава резултати како оние во статијата „Пред и по телефонскиот повик“. На новинарите им се праќа бриф „Израел има право да се брани“ и со тоа се поклопува секое спомнување на масакрираните деца и цивили. А од зборот „геноцид“ отиден во етер новинарите ги фаќа паника па знаат да кажат дека е тоа „многу емотивен“ термин. Бљак.

Брате Јапонија, запри се малку

Никакво високо-технолошко достигнување или изум, само исклучително внимавање, накај инсистирање, да им се обезбеди пристојност на луѓето во секојдневниот живот. Во конкретниов случај при косење трева.

Никола Којо за Гидра

Зад актерите остануваат улогите, сеќавањата на нив и сувопарните Википедија информации. Драгомир Бојаниќ (почина пред 31 година) се памети по серијата Луди Години, беше агентот Кондор во Валтер го брани Сараево, прекарот Гидра (Змија) го има добиено снимајќи италијански шпагети вестерни. Бил апсен заради кажување вицови за Тито а со истата жена се женеше трипати и се разведуваше двапати. Но, тоа не е се од еден човек. 

 

Сакате да видите нешто ужасно страшно?

До сега беше филмски мит, од пред некое време е автентичен хорор што постои и се живее. Студенти од Харвард земаа очила со вградена камера, ги поврзаа со Инстаграм и ВИ и сега за секунда имаат инфо за најрандом луѓе на улица.

Србија и Албанија го снабдуваат Израел со оружје и енергенси

Ако сте убедени дека Израел останува осамен и изолиран на светската сцена заради бруталноста во Газа и Либан, за контра-аргумент нема да отидеме подалеку од нашиот комшилук. Тел Авив не само што ги задржа, туку и ги унапреди односите со Албанија и Србија а таа поддршка не се сведува на убави дипломатски зборови. Прилог на Турската радиотелевизија. 

Родни на балканите

„Only Fools and Horses“ e eдна од најбрилијантните британски хумористични серии, благодарејќи на сценаристот Џон Саливен и на перфектниот кастинг заради кој не можеш да замислиш други фаци наместо браќата Тротер, дедото (првиот), Тригер, Бојс... Знаeле тие дека се популарни ама не до толку: Џон Линндхрст сфатил до каде добацуваат кога дошол негде на Балканот а цела улица почнала да му аплаудира.   

Две ипол земји контра цел свет

Генералното собрание на Обединетите Нации, уште до 1992 година, секоја година редовно се изјаснува за резолуција со која се бара укинување на бруталното економско и трговско ембарго на САД против Куба, воспоставено уште во 1960та година. Лани гласаа вкупно 187 држави. Сите за резолуцијата, само САД и Израел против а Украина воздржана.

Like a Tone on the Wire?

Музичари знаат да кажат дека инспирација наоѓаат и на најнеочекувани места. Некои веруваат дека некоја виша инстанца им праќа сигнали а тие се само нејзин спроводник. Така некој погледнал низ џам, видел птици на електрични кабли, каблите му заличеле на петолиние, птиците на ноти и ова е резултатот. Интересно, ама не ќе да оди тоа баш така.   

Ако ве дере мајстор, снимајте

Јавноста е природен непријател на секој апаш, од најмалиот до најголемиот. Ова е мал апаш (и по раст и по обем на делото) кој на некои луѓе им поправал клима. Требало да спои две жички ама тој таа интервенција ја ценел за „брат-брату“ 1.700 долари. Наместо газдата на куќата, ете му човек со камера. Мазно и јуначки се повлече, од паника и торбата си ја заборави. Може така треба.

Рамноземјаш сосечен од сопругата

Човекот решил на целиот свет и човештво да им ги отвори очите дека Земјата не е тркалезна туку рамна, па скромно, во својот дом и кујна, решава да сними видео и да каже што има да каже. Но, неговата понервозна половина баш и нема разбирање за неговите просветителски мисии. Не можеш ти со таква жена да станеш астро-инфлуенсер, па тоа ти е.

Non-player characters во Европскиот парламент

Фидијас Панајоту, кипарски Грк, Јутјубер и од годинава европратеник објаснува како оди гласањето во Европскиот парламент. Тој е независен па мора со помошниците да помине тон хартија и документи за да сфати за што всушност се гласа. На поголемите им е полесно: главниот им дига рака и со потег како римски император им кажува дали да гласаат за или против.

Бомби за мир, како онаа работа за невиност

Пред некој ден Зеленски (оној за кого Трамп рече дека не си отишол од Америка без 60 милијарди долари) ги посетуваше главните добитници од руско-украинската војна, фабриките за оружје во САД. Во таа прилика, еден американски гувернер (од редовите на прогресивните и либералните) мртов- ладен, лично потпишуваше ракети/гранати/бомби кои треба да завршат и на руска територија. Е, до толку се за мир.

Не џабе Зеленски не ја може

За Диjана Панченко - како и за сè друго - на интернет ќе најдете спротивставени мислења и оценки. За едни, таа е една од најхрабрите украински новинарски гласови против актуелниот корумпиран режим во државата, за други е обичен предавник кој ја продал својата душа на ѓаволот (Путин). Решете сами. Овде зборува за дезертерите, за тоа колку се плаќа за да се избегне војска и колкав бизнис е тоа.

„Ме боли мешето“

Компилација од барања слободни денови на работа, оправдувања за недоаѓање и други рандом поплаки на младата генерација „снегулки.“ Чудесии. Ама па може така и треба. Оти ние што се изнаработивме ко грешни ѓаволи за добробит на фирмите, голем аир видовме од таквата лојалност, посветеност и пожртвуваност.

Брилијантен говор на човекот кој го сосече криминалот

Првиот човек на Ел Салвадор кој постигна фасцинантни резултати во борбата со криминалот во својата земја имаше впечатлив говор во ОН: „Ние не ја затвораме опозицијата, не цензурираме мислења, не конфискуваме имот на оние кои размислуваат поинаку. Но, истовремено, ние ја претпочитаме безбедноста на нашите граѓани пред комфорот за криминалците.“

Зошто нема мост меѓу Европа и Африка?

Иако оддалеченоста меѓу двата континента кај Гибралтар е многу помала отколку меѓу Франција и Англија, причина што нема мост или тунел е длабочината на морето меѓу Шпанија и Мароко. Дури 900 метри а подводните струи се пресилни за нешто да се гради. За споредба, длабочината на Суецкиот канал е само 75 метри. Плус, сеизмички живо подрачје е Гибралтар.

Марина Абрамовиќ треби ориз

Дел од нејзин постар, 512 часа долг перформанс „Како да бидеш присутен“. Бидејќи не е тоа обична домаќинка, Марина ве повикува оризот прво да го измешате со леќа а потоа да требите и да броите. Колку? Колку што сте издвоиле, толку. Така ќе ги почувствувате емотивните состојби низ кои ќе минувате дур се убивате од требење и броење. Блазе си ѝ бе! Како нас не ни текнаа вакви шашми?

Криминалот ќе биде ретвитање

За да нема никакви двоумења, британските власти отворено порачуваат дека имаат дедицирани полицајци чија задача е да следат што твитате и ретвитате, и дека по ново дури и да ретвитнете нешто што не е по нивен мерак, ќе има последици по вас.

На Израел не можеш да му се скриеш

Хезболах цели 18 години се спремаше за војна (по Втората либанска војна во 2006) а Израел деновиве за пар дена им ја ликвидира целата командна структура и најмалку 50% од големата огнена сила. Видео од израелска амбасада објаснува како се прави тоа: целиот регион е 3Д мапиран до сантиметар, со људство и ВИ е скенирана и тагирана секоја сомнителна куќичка, дрво, нов камион...

Секс журките на њујоршкиот „ковид цар“

Доктор Џеј К. Варма беше прв човек на Њујорк за ковид мерки во првата година од пандемијата. Се памети по својата строгост, бескомпромисност во однос на карантините и заклучувањата, непопустливост за „социјалната дистанца“. Само што му извадија компилација што ТОЈ има правено додека другите беа заклучени: секс журки со многу дрога во хотели, денс забави под банка на Вол Стрит... Големи овци испаднавме.

Попрво во Јужна Африка ќе падне снег, него кај нас

Во последниот баг во матриксот делови од Јужна Африка се под сериозен снег, кој, што сакаш збори за нив, ама оправдано ги фати неподготвени. И власти и народ и лавови и жирафи.

Германците едвај го дочекаа Октоберфест 2024

Германец знае за култура, воспитување, процедура и општо ред се до првиот час од првиот ден на Октоберфест, и тогаш настапува општ хаос и анархија во име на фатена клупа под шатор. Одговорот на тоа што најмногу ве интересира е 15 евра за кригла од 1 литар. Во 2014, истото количество пиво чини 5,5 евра.