Србија и Албанија го снабдуваат Израел со оружје и енергенси

Ако сте убедени дека Израел останува осамен и изолиран на светската сцена заради бруталноста во Газа и Либан, за контра-аргумент нема да отидеме подалеку од нашиот комшилук. Тел Авив не само што ги задржа, туку и ги унапреди односите со Албанија и Србија а таа поддршка не се сведува на убави дипломатски зборови. Прилог на Турската радиотелевизија. 

Во ситуацијава, единствена земја од регионот која покажува дека држи до принципи и човечност е Словенија. Истовремено има одважност да го издвои своето мислење и став од нејзините килави сојузници во ЕУ.

После нападите во Либан во кои загинаа стотици луѓе, меѓу кои и жени и деца, словенечкото министерство за надворешни работи го повика  на разговор израелскиот амбасадор во Љубљана  и му пренесе дека “Израел ги ескалира насилствата“.

А нивниот премиер Роберт Голоб, на годинешново обраќање на Генералното собрание на ОН порача:

“Дозволете ми да испратам јасна порака до израелската влада – запрете со крвопролевањето, сопрете ги страдањата, вратете ги заложниците дома и ставете крај на окупацијата. Господине Нетанјаху, сопрете ја оваа војна - ВЕДНАШ“

 

4 октомври 2024 - 11:53