„Осумдесет и шеста, јануари. Јас сум млад војник, сè уште на обука. Рашка. Ладно, секогаш некоја тензија, секогаш некаква вонредна состојба.
Доаѓаат по мене и ме вадат од обука. Имаш посета, ми викаат... На обука нема посети а кога е вонредна состојба нема излегување од касарна. Стигнувам на капијата, ме чека командирот со книшка и дозвола за излегување. Ништо не ми е јасно.
Од другата страна, стои до автомобилот и пуши. Гидра.
'Што чекаш? Влегувај“, ми вика со својот шумадиски акцент од кој никогаш не се откажа. Ме однесе во кафеана, ме нахрани, ми даде ко сега на војник да му дадеш илјада евра и си замина. Во неколку реченици што ги разменивме ми кажа дека дошол затоа што имал работа во близина. Остатокот од времето молчевме.
Откако се вратив од војска, од пријател дознав дека ме лажел. Влегол во кола и дошол само поради мене. Ми кажаа дека Миливое Живановиќ вака се има грижено за него и за други деца актери. Гидра сакал да го продолжи таквото внимание и да ја продолжи традицијата.
Таков беше Драгомир Бојаниќ Гидра“.
Никола Којо