Врвно дерби на Милано со 4 гола, Милан го потопи Интер

Во дербито на 10. коло од Серија А, фудбалерите на Милан убедливо со 3:1 го совладаа градскиот ривал Интер со сјајна партија на младиот Диего Мореира кој имаше две асистенции и прекрасно ремек-дело од слободен удар. 207. лигашко дерби ќе се памети по тоа што дури четири гола паднаа во прв дел.

Милан како од соништата го започна дербито. Прво во 4' минута Диего Мореира одлично центрираше а Кристијан Пулишиќ со глава одлично реагираше и му донесе на Милан рано водство.

Нераѕурите уште не се опоравија од почетниот удар а набрзо следеше друг. И тоа каков!

Мореира изведе корнер во 10' минута и го пронајде францускиот репрезентативец Адриен Рабио кој од работ на шеснаесетникот со прекрасен удар зголеми на 2-0.

За делириум на домашните навивачи:

Но шампионот на Италија набрзо одговори. Тргнаа избраниците на Кристијан Киву со поголема иницијатива, создадоа неколку шанси и во 22' минута го намалија резултатот. По еден одличен корнер на некогашниот фудбалер на Милан Хакан Чаланоглу, Мануел Аканџи со глава му ја спушти топката на Бастони кој лесно го матираше Мајк Мењон за 2-1:

А потоа пред крајот на првиот дел следеше моментот на натпреварот. Најубавиот потег на мечот. Диего Мореира (син на некогашниот фудбалер на Партизан и Војводина Алмами Мореира) најскапото засилување на Милан летото, постигна фантастичен гол од слободен удар.

После две асистенции и евроголот од прекин, заслужи оцена 10 за настапот во дербито:

1 November 2026 - 08:45