На Израел не можеш да му се скриеш

Хезболах цели 18 години се спремаше за војна (по Втората либанска војна во 2006) а Израел деновиве за пар дена им ја ликвидира целата командна структура и најмалку 50% од големата огнена сила. Видео од израелска амбасада објаснува како се прави тоа: целиот регион е 3Д мапиран до сантиметар, со људство и ВИ е скенирана и тагирана секоја сомнителна куќичка, дрво, нов камион...

Секоја доградба на куќа, дури и секој нов камион кој ќе се појави меѓу дрвјата, на ЛИДАР (Light Detection and Ranging) мапите се појавува како светло.

Видеото за тоа како се открива и уништува цивилна куќа која служи како маска за воената опрема на Хезболах.

*********

Само едно прашање: ако израелските модерни воени технологии се толку супериорни и прецизни (и плус можат од далечина да дигнат некого во воздух преку пејџер), за кој ѓавол, побогу, со карпет бомбинг ја срамнија цела Газа со земја, убивајќи речиси 17.000 деца?

Само замислете 17.000 деца, еве, живи и здрави, да се држат за рака, наредени на Партизанска. Уфф, нели?

**********

Види и:

Успесите и креативноста на израелската војска и разузнавачка служба произлегуваат од долгата историска параноја на Евреите дека некој (Германци, Палестинци..) ќе ги истреби. Но креативното зло раѓа креативно зло, за што примери дава историјата, во „Израелскиот удар ќе ја смени планетава

 

24 септември 2024 - 09:44