Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Како најбрзо се кракнува 4 цифрен ПИН?

Сите знаат дека луѓето се лоши во бирање пасворди. А не се лоши туку се -  многу лоши. Старото добро "1234"? Го имаат 10 проценти од луѓето.

Легенда за барометарот

На испитното прашање:
"Како ќе ја измерите висината на една зграда со помош на барометар?"

Студентот го дал следниот одговор:

"Ќе го врзете барометарот на јаже и од врвот на зградата ќе го спуштите до земја. Должината на јажето плус должината на барометарот ќе ви ја каже висината на зградата."

Добил негативна оценка бидејќи одговорот, иако точен, бил банален и нерелевантен од аспект на физиката.

Што може да се очекува од Цеца на концертот?

Како што прилега за туристичкиот бисер на Македонија, слободарскиот Охрид ќе влезе во првите мигови на Илинден со нотите на силиконскиот бисер на Балканот. Оние што немале можност досега да видат нејзин настап во живо, не сакаме да бидат неспремни. Во музиката не ѝ се мешаме, ова се само кондензирани метафизики кои таа знае да ги распали на концерт.

Ден во животот на таксист

Не е она класичното жалење, поплаки, грабеж, пцуење велосипедисти, па пцуење автобуси, па пцуење пешаци, туку дневната рута на таксистот. Од каде до каде вози, колку патници пренесува, колку добил бакшиш, колку вкупно заработил.

Ти ќе нè пукаш, копито едно!

Иако со жртвата на ова видео ја делиме истата ДНК структура, има нешто фер во приказни во кои ловецот станува плен. Го исплеска ко јамболија.

Право на непоминување

Русија. Семафори. Црвено. И ништо не е како што си замислуваш. Ова е еден од примерите кога упорноста не се исплати.

На што нè учеа родителите

Вера, трпение, мудрост, хумор, генетика, термодинамика....

Човекот што го прави најдоброто парче леб со путер

За тие што го гледале "Jiro Dreams Of Sushi," дечково е како Џиро, ама за леб и путер (за другите, под итно да го гледате). Се вика Ден Ричер и по цела кариера како готвач на најразлични врвни компликувани јадења, сега се има посветено на правење леб и мачкање путер. Има цела филозофија околу работата.

Мисли од под туш

Компилацијата е од најинтимното место во твојот живот, каде си оставен на само со своите мисли (и ако има Господ) и доволно вода. Нема автор, туку на кој како му дојде.

Утешително видео на денот

Прашањето е околу вечната машка несигурност - Дали е важна големината на пенисот, а одговорот е доволно успокојувачки за достоинствено да можете денес да се вратите дома после работа. Сето ова што го има во видеото е базирано на еден куп наука и тоа не е спорно. Дилемата е колку од овие студии се изработени од мажи кои немаат потреба од постоење на вакви студии.

А сега, губење време

Зошто не би уништиле некоја веб страница која ве нервира? Еве нашата, ич нема гајле.

Инструментална политика

Оној јапонскиот политичар кој сред прес конференција фати да рика да плаче (види: Каде се парите?)? Е, го опеале, тоест го одсвириле. Пијаното е уметничка транскрипција на неговиот нервен слом додека она другото е буквален гитарски стенограм. Перфектна заебанција.

Упатство за држење политички говори

Штета што Хал Крутенден не е политичар, бидејќи една работа сигурно ќе знаеше, како се држат политички говори. Накратко, за основните финти во овој жанр.

Судовите некогаш се луксуз

Јес да сме ви ние легалисти до коска, кога ќе го изгледате видеото (иако е со хепиенд), единствената дилема може да ви биде: стрелање или инекција.

Вести од светот на кратко

Прво сликата што најдобро го опишува целиот судир меѓу Израел и Хамас, а потоа рецензија на две недели вести од Џон Стујарт. Заклучок: Излуде ли светов?

Така расте Европа

Стара народна италијанска песна која често им се пее на деца. Потекнува од Првата Светска Војна и е нешто помеѓу македонската "Вака ли бе Цвето?" и Штулиќевата "Усне вреле вишње". Плус малку ПТСД синдром од која страда и главниот јунак Марио и далеку повеќе од него, неговата екс драга. Наравоучение: Батали курвата, да живее Италија! Невердлес, убаво анимирано. 

Струмичка азбука

Логопедска вежба. Пробајте да го изговорите брзо и течно:

- ИЗДЕЗДОРАНСИРАЛИСЕ?

Anchorman 2 - сè што не видовме во филмот

Како ретко кое продолжение филмот не само што не разочара, туку и изненади (на добро). За комплeтирање на впечатокот, видео со сите "блупери" од снимањето.

Аргентинци никогаш немале среќа со Германија

Потазе видео од Германија и Аргентина од ова лесно е да најдете, ама, понетазе - не баш. Година 2006-та, двете фудбалски репрезентации се судираат во четврт финале на Светскиот куп. Победува Германија на пенали. Но, во овој случај, тоа е најмалку важно. Пред утакмицата, на аутобан. 

Совети за млади машки суштества

Не плаши се да им кажеш на луѓето да "одебат" кога го заслужиле тоа. Тоа е многу важна вештина која треба да се стекне. Кажи си го своето, дури и кога гласот ти трепери.

Кафански навики во добата на Инстаграмот

Ресторан во Њујорк почнал сè почесто да добива поплаки за услугата и брзината со која се носи храната. Решиле да стават видео камери и да ја снимат ситуацијата. За среќа, видео снимки имале и од пред 10 години па можеле да споредат.

Мора ли тука да поминуваат?

Покрај социјалните мрежи и глупоштините кои таму се истураат, луѓето кои се јавуваат во живи емисии знаат да бидат причина за неверитис со кого све ја делиме планетава. Женава се јавува во радио емисија откако приметила нешто нелогично во врска со знаците дека на патот знаат да поминуваат елени.

Фантастично германски, германски навивачи

По освојувањето на мундијалот, Германците најчовечки излегоа на улица за да ја прослават титулата. Тоа што по 4-ти пат станаа светски прваци, не значи дека треба да престанат да се однесуваат германски кон редот и законот. Снимано во Мајнц.