Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Календарот на Пирели за 2016-та!

Пред да се помамите по насловот и извичникот во него, редно е да се каже дека уредништвото на најпосакуваниот календар на светот реши за 2016-та да ја ангажира познатата фотографка Ени Либовиц. Кој знае, знае. Во секој случај, Јоко Оно и тоа си дочека. Па, не е фер.

Полицијата секогаш победува

Се шетате во парк и одеднаш пред вас излетува дете кое трча а веднаш по него полицаец кој ви вика да го сопрете. Што правите?

Гејмингот во 2015-та

Видео компилација од игриците кои беа издадени оваа година. 72 на број, без спојлери.

Џон Леџенд со ѕвездите

9 кратниот носител на Греми награди Џон Леџенд би требало да го знаете. А ѕвездите уште повеќе бидејќи се ѕвезди. Ама, не е така.

Татко во акутен напад на музика

Веројатно нема татко што не го прави ова. Кога ги возиш клинците, да им пуштиш своја музика и да ги малтретираш со неа. Овој малку (малку?) го претера ама барем после имаше напишaно дека му купил нов сендвич на малиот.

Црните вести доаѓаат во петок

Како да знаеш дека нешто дебело не е во ред или со економијата на твојата земја или пак со твојата продавница? Сцена од очекуваното шопинг лудило на Црниот петок во Бразил.

Шопинг-у-акбар!

Веројатно единствениот повод по кој комплетно се согласуваме со оценката на ИСИС дека Западот знае да биде одвратен и тотално застранет од која било човечка смисла е кога ќе видиме компилација срања кои се случуваат за време на шопинг стампедата на Црниот петок.

Скокање на Вис

Знаеме дека правилно е височина а не вис, ама ова е со голема буква, островот, во Хрватска. Убавини.

Гневниот режисер и неговиот филм

Клипов е дел од оние редовни ставки во промоциите на нови филмови, овој конкретно е за Гневните осуммина (The Hateful Eight) на Тарантино. Во него ги има очекуваните елементи: разговор со филмски ѕвезди, режисер и исечоци од филмот... и сето ова е небитно, клипов треба да се гледа само за да видиш како изгледа човек кој со еснафски мерак и детска радост зборува за својата работа и она што го направил. Човекот е Тарантино.

Може да нè оставите да си доплачеме?

Божиќни празници, дедото ги чека сите да му дојдат на ручек, само за сите да му откажат. И после? Што после, дедо е, не може вечно да чека...

Животот на една корејска ученичка

"- Прво да го поминеш тестот (писмената, полугодието, годината), па после што сакаш можеш да правиш". Така? Заебан (многу заебан) краток филм за родителите кои премногу ги напнуваат своите деца со успехот во училиштето. Приказната е базирана на вистинита случка.

Слободата, еднаквоста и Муслиманското братство

Муслиманското братство е организација создадeнa уште 1928-мата година во Египет. Во нормалните времиња нивните идеи служеа за потсмев (го видовте она со Насер?) а денес се сметаат за матица на сите злотвори кои делуваат во името на Исламот. Норвешки документарец на тема, каква закана се тие за нашиот начин на живот. Штом ладнокрвните Норвежани порачуваат "Погледнете го филмот пред да биде доцна" јасно ви е.....

Клуч на рака

Од последното венецијанско биенале, одиме во јапонскиот павиљон кај инсталацијата на јапонската уметничка Чихару Шиота (последните две децении живее во Берлин). Магично.

Уметници фатени на јадица

Еден мал пасаж од интервјуто на српскиот уметник Урош Ѓуриќ за белградско Време (во платената верзија) за тоа дали е поголема штета кога уметниците молчат или пак она што излегува од нив кога ќе отворат уста.

Сè зависи од тоа кого прашуваш

Се чини дека Кристофер Колумбо е еден од оние историски ликови за кои можеме да имаме консензус: дека бил визионер, голем и храбар морепловец чиј подвиг откри нов свет со што беше отворена вратата кон развојот и модерноста. Чекајте малку, а да ги прашаме Индијанците што мислат за него?

Од вистината некогаш се повраќа

"Дојди да пробаш едно срање", знае некогаш некој да ти каже. И ти ќе го пробаш тоа што ти го спремил, верувајќи дека не е баш толкаво срање. А само треба да се знае да се слуша.

Што прават хероите во слободно време?

Сте се прашувале што прават супер-хероите или супер-негативците кога не се заафатени со спасување или уништување на светот?

Кого попрво да жалиш?

Видео од едно детенце на кое му ставаат некаква инекција или му вадат крв. И малиот почнува да плаче а вие треба да почекате да ја видите поентата на насловот.

Кога муслиманите ја исмеваа идејата за хиџабот

1958- ма година, неврзаното другарче на Тито, египетскиот претседател Гамал Абдел Насер раскажува како пробал да најде компромис со Муслиманското братство (според познавачи, организацијата која денес е мајка на сите терористички организации) па го прашал нивниот главен што тие би сакале.

Како да се справиш со психопат?

16 клинички симптоми на луѓето со ова пореметување и седум начини како да се справите со нив. Ние нашите си ги негуваме на меил.

Eagles of Death Metal раскажуваат за Батaклан

За првпат откако вооружените терористи го прекинаа нивниот париски концерт и отворија оган оставајќи зад себе 90 жртви, членовите на бендот за Вајс раскажуваат како било да се биде на тоа вистинско место во тоа погрешно време.

Ирачкиот Рамбо кој ќе го уништи ИСИС

Во секоја војна има по некој ваков . Голем, набилдан и демек бестрашен, медиумите ќе го наречат Рамбо, луѓето ќе се попалат по него. Ирачаните го имаат него, Абу Азраел, кој има дури и слоган кој значи "nothing but flowers" (тешко дека му е од Тalking Heads). По некое време ќе загине, или пак, како хрватскиот Рамбо, ќе заврши во затвор како плaтен убиец.

Дарко Рундек за вас (и за нив)

Дарко Рундек, тазе да потазе не може да биде. Го објавуваме неговиот нов спот кога на Јутјуб има само 6 прегледи. "Ги има" и Рундек Карго Трио, формацијата која доаѓа на престојниот Таксират.